Загина 20-годишно момче, со мотоцикл удрил во бетонски столб
Дваесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа на локален пат во селото Орашац. Несреќата се случила синоќа во 21 часот, откако изгубил контрола на мотоциклот и удрил во бетонски столб.

„Во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од с. Орашац кон регионален пат Куманово - Свети Николе, М.П. (20) од
с.Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од задобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопшти МВР.