Мени

Загина рудар во Крива Паланка

28.10.2023 16:28 | KumanovoNews

Рудар починал вчера попладне откако се повредил додека бил на работа во рудник во Крива Паланка. 

Загина рудар во Крива Паланка

„Во 17.10 часот во Полициска станица Крива Паланка е пријавено дека во Итна медицинска помош - Крива Паланка бил донесен починат С.М.(54) од Крива Паланка, кој се повредил додека извршувал работни задачи како рудар во рудник во Крива Паланка и при транспорт од рудникот до Здравствен дом Крива Паланка починал. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР-Крива Паланка и трудов инспектор“, соопшти МВР.