×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна судењето против градежната инспекторка од Куманово обвинета за поткуп од 4.000 евра

    07.03.2025 21:18 | Сузана Николиќ

    Со распит на оштетениот и тројца сведоци, денеска во Основниот суд во Куманово започна судењето на градежната инспекторка Лидија Трајковска (60), која е обвинета за примање поткуп откако во ноември минатата година беше фатена додека зема мито од 4.000 евра од кумановски градител.

    Започна судењето против градежната инспекторка од Куманово обвинета за поткуп од 4.000 евра

    Пред почетокот на главната расправа адвокатот на Трајковска се обиде да го одложи судењето, еднаш со барање за изземање на претседателот на Советот Саша Ѓорѓевиќ и судијата Мирсад Сурои, а вторпат кога по мали технички измени предлог на Обвинителството, побара повеќе време за подготовка.

    Судот одлучи денешна јавна расправа да се одржи. За изземањето на судиите ќе одлучува претседателката на судот откако ќе ѝ биде доставено барањето по рочиштето, а техничките измени беа оценети како незначителни.

    Обвинетата Трајковска, која по професија е градежен инженер, вработена во Секторот за инспекциски надзор во Општина Куманово, а минатата година одреден период била и раководителка, пред судот се изјасни дека го разбрала делото за кое се товари, но не се чувствува виновна.

    На рочиштето даде исказ и оштетниот инвеститор Ремзи Џељадини, кој во детали објаснуваше како инспекторката му побарала поткуп за станбено-деловен објект на улица Гоце Делчев, и за куќа на улица Доне Божинов, бидејќи отстапувале од основата. И во двата објекта имало, како што кажа, мало проширување, кое сакал да го усогласи во градба, и за кои поднел барања за измена на проект, што му го дозволувал законот. За овие неправилности инспекторката направила записник, по што почнала да го условува.

    „Ме повика на телефон во градежната инспекција и ми кажа дека имам две варијанта, да платам 7.000 евра за едниот објект и 1.500 за другиот објект, или во спротивно ќе ми прати инспектори да ги затворат градилиштата. Бидејќи бев уценет, го пријавив случајот во МВР. Немав друга можност да се бранам“, кажа Џељадини.

    По насоки на МВР, на крајот на октомври се сретнале во едно кафуле во Куманово каде што градителот однел 1.500 евра, кои исто така биле обележани, но инспекторката не ги зела, затоа што побарала за двата случаи да и бидат исплатени 4.000 евра, па заедно да и се исплатат. Ден потоа, бил договорен нов состанокот во кумановски ресторан на периферијата на градот, кога Трајковска била фатена со обележените пари откако ги земала и ставила во чантата.

    Џељадини побара да му се вратат 2.000 евра кои ги дал за инсценираниот поткуп, а друга штета не бара, на надлежните остави да одлучат за кривичниот прогон.

    Одбраната на Трајковска во распитот на оштетениот настојуваше да ја покаже неговата вина затоа што за дел од проширувањето немал писмено одобрение за градба и поради тоа имал мотив да понуди поткуп, а не како што тврди дека му бил побаран.

    На забелешката на адвокатот дека спорните објектите се веќе карабини и без одобрение за отстапувањата, инвеститорот рече дека пропустите биле со знаење и дозвола на обвинетата. Тој кажа дека решенијата за престанок на градба што ги имал инспекторката ги чувала во фиока, а за тоа била наградена. Приговор на прашањата за бесправното градење имаше од судијата Ѓорѓевиќ, кој кажа дека судењето не е за бесправна градба, туку за примање поткуп.

    На денешното рочиште беа сослушани и тројца инспектори од Секторот за економски криминал во СВР Куманово, кои биле дел од акцијата. Тие опишуваа како течела постапката од пријавување на случајот до приведување на осмоничената.

    Инспекторка Трајковска беше уапсена на 1 ноември во ресторан во Куманово, додека прима поткуп од 4.000 евра. Како што соопштија тогаш од МВР, на 25 септември 2024 граѓанин пријавил дека овластената градежена инспекторка во Општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба, кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд, му побарала поткуп најпрво сума од 1.500 евра, за да на 31.10.2024 ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра.