×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започнува Меѓународната ликовна колонија „Куманово“

    05.08.2025 12:41 | KumanovoNews

    Во комплексот „Етно село“ утре започнува Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2025“. 

    Започнува Меѓународната ликовна колонија „Куманово“

    Оваа година учество ќе земат 11 автори од Србија, Романија, Бугарија и Македонија.

    Cвоето присуство го потврдиле: Вангел Коџоман, Филип Јовески, Вангел Крстиновски и Далибор Крстевски од Македонија, Светозар Тасиќ, Ксенија Бариќ и Весна Петровиќ од Србија, Костин Британи и Александра Бациу од Романија, и  Дарина Дочева и Тома Тодоров од Бугарија.

    „Уметниците, традиционално ќе работат сликарство, дела на платно во повеќе ликовни техники (масло, акрил, комбинирана). За време на нивниот престој ќе ги посетат културно-историските споменици во Куманово и околината“, соопшти организаторот.

    Колонијата ќе заврши со изложба на создадената продукција на 11 август. 

    Колонијата ја организира Музеј-Куманово, под покровителство на  Министерството за култура и туризам и Општина Куманово.

    Ликовната колонија „Куманово“ е една од најстарите во државата, основана е во 1974 година, минатата година одбележа голем јубилеј-50 години постоење.