×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем интерес за Меѓународната кинолошка изложба во Куманово, учествуваа 199 кучиња од 77 раси (Видео)

    21.09.2024 14:31 | KumanovoNews

    Вкупно 199 кучиња, од 77 различни раси учествуваа на Меѓународната кинолошка изложба на Градскиот кеј во Куманово.

    Најмногу излагачи имаше од Куманово, потоа од речиси сите градови од земјата, а меѓународниот карактер го оправда присуството на излагачи од Србија, Бугарија, Грција, Полска, Чешка, Унгарија, Германија, Англија, Италија, Франција и други држави.

    Ознаката ЦАЦИБ изложба, по меѓународна квалификација означува дека кучињата се оценуваат по нивната убавина, што значи дека се оценува денталниот изглед на миленичињата, бојата, квалитетот и сјајот на влакната, мускулатурата и правилното држење, од главата до опашката.

    „Дојдени смо од Ниш, Србија имам пет јоркширски териери, но само две се на изложбата денес, едниот е Ципи, вториот Цезар. Често посетуваме вакви настани и изложби, кога имаме време и можности. Сега е и убаво времето, не е претопло, ни престудено, за среќа и не врне, иако се прогнозираше дожд. Имаме одгледувачница во Ниш. Зависно од годината и моменталната состојба, од леглата, но не можеме да се пожалиме, оди работата“, истакна Милена Поповиќ од Ниш.

    Таа има големо искуство во одгледување на јорки териери, како популарно се нарекуваат, но и чување како домашни миленици. Самата ги дотеруваше и чешлаше за да бидат репрезентативни пред судиите. Милите животинчиња послушно стоеја, веќе искусни во ваквиот тип на настани.

    На изложбата често доаѓаат професионални одгледувачи кои меѓу себе разменуваат искуства и контакти, но и заинтересирани купувачи кои на ваков начин се информираат за тоа со која раса на милениче да го дополнат семејството и домот.

    Судии беа д-р Филип Богоевски, Македонија, Милисав Баиќ, Србија, Ацо Павловски од Македонија, Петар Стојковиќ, Србија, и специјален гостин претседателот на Кинолошкиот сојуз на Србија Миломир Мариновиќ. Делегат на денешната изложба беше претставник од Кинолошкиот сојуз на Македонија – Слободан Настески.

    Манифестацијата е во организација на Кинолошкото друштво „Кинолог“ од Куманово и Клубот за кавкаски овчари на Македонија. Во рамките на ЦАЦИБ натпреварот е организирана и специјализирана изложба на расата кавкаски овчар.

     

    Голем интерес за Меѓународната кинолошка изложба во Куманово, учествуваа 199 кучиња од 77  раси (Видео)