Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните на Куманово уште утре можат да аплицираат за субвенции за набавка на клима уреди. Мерката траеше само 7 работни дена затоа што се исцрпени предвидените финасиски средства за таа намена.
„Јавниот повик за субвенционирање на високоефикасни инвертер клима уреди, кој започна на 10 февруари, поради исцрпени финансиски средства, завршува утре 18.02.2025 (вторник). Поради тоа, сите заинтересирани граѓани за субвенции за клима ќе можат да поднесуваат Барања уште денеска и утре“, информираат од Општина Куманово.
Во случај да се одобрат дополнителни средства за субвенционирање, граѓаните навремено ќе бидат известени.
За оваа мерка беа обезбедени 2 милиони денари од општинскиот буџет, а секоја поединечно субвенционирање чини до 20 илјади денари, што практично значи дека 100 домаќинства во градот имаа можност да ја искористат.
Намерата е да се смени начинот на загревање на домовите, од греење на дрва со високо ефикасни уреди на електрична енергија. Целта беше да се намали аерозагадувањето во текот на зимските месеци, а еден од условите беше апликантите до сега да се грееле на дрва. За таа цел, наменски формирана комисија ќе ги проверува апликациите на терен.
Во Јавниот повик е нагласено и дека по завршување на целокупната постапка барателот треба да овозможи пристап на Комисијата до домаќинството и просторијата во која е инсталиран уредот во период од најмалку 3 години, по завршување на Јавниот повик.
Јавниот повик за субвенции за набавка на клима уред беше распишан на 10 фебруари, а се предвидуваше да трае до исцрпување на средствата, или најдоцна до 30 октомври годинава.