Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Движењето ЗНАМ за наша Македонија ja почна кампањата „Заедно повеќе знаеме“.
Средбата со граѓаните, членовите и симпатизерите на ЗНАМ од Куманово се одржа синоќа во големата сала на зградата на Комитет.
Дел од раководството на ЗНАМ на чело со претседателот на партијата, Максим Димитриевски, организацискиот секретар Сашо Петрушевски, пратениците Даниел Стојчевски, Даниела Белимова и Миле Цеков, членовите на ИО Катерина Тодороска, Јасмин Циривири и Ивана Ѓорѓиевска вчера остварија средба со сите членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово.
Раководството на партијата се запозна со проблемите на граѓаните и со нивните предлози кои ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори.
„ЗНАМ своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување со општинските буџети“, соопшти партијата.
Првите средби со граѓаните се одржаа во Куманово и Тетово.