Мени

Зголемен број на повици и интервенции во Итната помош во Куманово

Зголемен број на повици и интервенции во Итната помош во Куманово

Од 30 до 40 отсто е зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош во Куманово во последните две недели. Најчесто се бара помош поради колабирање на јавно место, но и поради здравствени проблеми на хронично болните, како последица на високите температури.  

Започна реконструкцијата на училиштето во Агино Село

Започна реконструкцијата на училиштето во Агино Село

Започна реконструкцијата на подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во Агино Село. Проектот се реализира преку Министерството за образование и наука, а за него се издвоени 8,3 милиони денари, или речиси 134 илјади евра.  

Видео: Сопствениците на 40 фирми бараат да се поправи улицата „Индустриска“, од Општината велат ја нема во програмата за оваа година

Видео: Сопствениците на 40 фирми бараат да се поправи улицата „Индустриска“, од Општината велат ја нема во програмата за оваа година

Сопствениците на фирмите кои работат во индустриската зона во близина на железничката станица во Куманово, бараат локалната самоуправа да инвестира во подобрување на условите за работа во најстарата зона во градот. 

Два пожари викендов во Кумановско, надлежните апелираат за внимателност при престој на отворено

Два пожари викендов во Кумановско, надлежните апелираат за внимателност при престој на отворено

Кумановските пожарникари во текот на викендот интервенирале на две пожари, едниот на улицата ЈНА, во близина на Дом на АРМ и вториот на потегот помеѓу селата Слупчане и Оризаре, општина Липково каде горела ниска вегетација.

ВИДЕО: Една година тече вода во шахта во населбата Проевце

ВИДЕО: Една година тече вода во шахта во населбата Проевце

Повеќе од една година тече вода во шахта во близина на железничката пруга во Проевце, тврдат жителите на кумановската населба. Тие велат дека проблемот повеќепати го пријавувале во ЈП „Водовод“ Куманово, но надлежните не преземале ништо да го решат.

Граѓаните да не наседнуваат на лажна кампања за тргување со крипто валути, апелира МВР

Граѓаните да не наседнуваат на лажна кампања за тргување со крипто валути, апелира МВР

Непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со тргување на лажни берзи за криптовалути. Кампањата започнува со објави на Фејсбук и Инстаграм кои се прикажани како информации од познати македонски портали, информира МВР.