Бензините поскапуваат за половина денар За половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, а цената на Еуросупер БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новите цени на нафтените деривати ќе важат од полноќ.
Вакцинирани над 700 граѓани во Куманово Од почетокот на имунизација до сега во Здравствениот дом во Куманово се вакцинирале над 700 повозрасни граѓани. На закажан термин од матичен лекар, први се вакцинираат граѓаните над 77-годишна возраст, а потоа над 75 и 73 години.
Почина новинарот и хроничар на Куманово Димитар Масевски Новинарот и публицист Димитaр Масевски, почина вчера на 73-годишна возраст, по кратко боледување како последица на коронавирус.
Во Куманово тројца починати, 36 новозаболени и 61 оздравен од ковид-19 Во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на ковид-19.
Уписите на првачињата ќе биде и онлајн од мај, најави министерката Царовска Запишувањето на децата во прво одделение во мај ќе може да се направи и електронски, најави министерката за образование и наука Мила Царовска.
Тројца починати, 75 новозаразени и 45 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 824 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.988 тестирања.
Интензивно се работи на изградба на спортски терени на комплексот Спомен костурница Во тек се градежните активности за изградба и уредување на спортските терени на комплексот Спомен костурница во Куманово.
Камења паднале од приколка на камион и оштетиле автомобил На магистралниот пат Куманово - Старо Нагоричане оштетен е автомобил откако камења испаднале од приколка на камион кој се движел пред него. Случајот бил пријавен во Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) во Куманово.
Скршената ограда на „Тоде Думба“ е опасност за возачите и пешаците и под итно да се поправи, побара пратеникот Петрушевски Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска ја повика локалната власт да ја поправи заштитната ограда на улицата „Тоде Думба“, која пред неколку месеци беше скршена кога во неа удри автомобил и падна на улицата „Драган Стопаревиќ“.
Во Куманово 64 новозаболени и 56 оздравени од коронавирус Во последните 24 часа регистрирани се 908 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.616 тестирања.
Пешиќ Бошковска: Владата предложи цените во приватните болници за лекување на ковид пациентите да бидат од 40.000 до 305.000 денари Владата предводена од СДСМ, ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита. Со измените се предлага, цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување. Преку овие измени, трошоците за дијагностицирање и лекување на ковид пациентите ќе се движат од 40.000 до максимални 305.000 денари, изјави на денешната прес-конференција Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол на ОО СДСМ Куманово.
Втор третман на ларвицидна дезинсекција во Куманово Во на територијата на општина Куманово ќе се спроведе втор третман на ларвицидна дезинсекција - уништување на ларвите на комарците.
Се доуредува коритото на Крива Река во градското подрачје Крива Паланка наскоро ќе добие целосно уредено корито на Крива Река долж течението во градското подрачје.
Шестмина починати и 59 новозаболени од коронавирус во Куманово Шест лица ја изгубиле битката со коронавирус во изминатото деноноќие во Куманово. Регистрирани се и нови 59 случаи на ковид-19.
Кумановка пријавила во полиција дека ја следел сведок на сообраќајка во која загинала нејзината ќерка Во Полициската станица Куманово, Г.Ф.(41) од Куманово, вчера пријавила дека околу 18.00 часот, додека се движела со своето возило „бмв“ по бул. „Октомвриска Револуција“, забележала дека ја следи возило „фолксваген голф“, кое го управува К.П.(сведок во сообраќајна незгода во која загинала ќерка на Г.Ф.).
Почина писателот Среќко Поповски На 94-годишна возраст почина Среќко Поповски, писател и еден од првите учители во Куманово и државата. Роден на 14.06.1926 година во селото Орашац. Основно училиште завршил во родното село, потоа Учителска школа во Скопје, па Педагошка академија во Врање.