Кумановец паднал во бунар длабок 15 метри, го извадиле пожарникарите Маж на возраст над 60 години вчера паднал во бунар со вода во кумановската населба Карпош. Несреќата се случила околу 13 часот, по што интервенирала Територијалната противпожарна едница од Куманово.
(ВИДЕО интeрвју) Сашко Митовски, градоначалник: Културната и туристичката понуда клучни за иднината на младите на Крива Паланка Поставивме нови стандарди во културниот живот и промоцијата на културното богатство за привлекување туристи и посетители во градот, што индиректно значат поддршка за младите и подобрување на квалитетот на нивниот живот.
Поради топлотниот бран до среда се ослободени од работа бремените жени и лицата над 60 години Oд Владата Владата соопштија дека одлуката е донесена по информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи.
Сватови оштетиле автомобил и сакале да го тепаат возачот поради недоразбирање во сообраќајот Жител на селото Матејче, општина Липково, вчера бил нападнат од неколку лица кои биле на свадба, поради недоразбирање за сообраќаен прекршок.
Кривична пријава за обид за убиство, се пресметувале заради ваучер во казино СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против 32-годишен кумановец, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело обид за убиство.
Чкртаници и вулгарнoсти осамнуваат секое утро на објекти во градот, уметниците апелираат да се спречи ваквата појава Недолични пораки, вулгарности и чкртаници осамнуваат секојдневно на јавни и приватни објекти во Куманово. Ваквата појава особено зачести во летниот период, кога авторите на ваквите пораки не бираат каде ќе се „потпишат“, притоа уништувајќи и мурали кои беа изработени во изминатиот период.
Филип Филиповски е нов директор на АД Водостопанство Филип Филиповски од Куманово е назначен за нов в.д. директор на АД Водостопанство.
Се укинува пролетниот распуст за основното и средното образование, најави министерката за образование Се укинува пролетниот распуст за основното и средното образование, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Бесплатни билети за „Денови на комедија“ за пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане ќе имаат бесплатен влез на претставите на „Денови на комедија 2024“.
Повреден 64-годишен маж додека гаснел пожар во куќа во Никуљане Се запалила куќа во селото Никуљане, општина Старо Нагоричане, а во пожарот е повреден 64-годишен маж, кој го гаснел огнот.
Агино село нема бесплатен превоз: Ние како да не сме дел од Куманово, се жалат жителите Жителите на Агино село немаат бесплатен автобуски превоз. Наместо градски превоз, тие ги користат меѓуградските линии за Скопје, при што плаќаат редовна цена.
Грижа и дополнителна мотивација: „Флекс Кредит“ награди 20 вработени со ваучер за летен одмор Вкупно 20 вработени од „Флекс кредит“ добија награда - вредносен ваучер за летно патување како признание за нивниот извонреден труд и посветеноста кон работата.
Младиот пијанист Јован Станковиќ освои второ место на Меѓународен натпревар во Виена Пијанистот Јован Станковиќ (14) од Куманово освоил второ место на Меѓународниот натпревар за млади музичари во Виена, Австрија.
Вечер на популарни џез хитови на платото пред Центарот за култура во Куманово На платото пред Центарот за култура, утре/ четврток/ ќе се одржи музичка вечер на популарни џез хитови, во изведба наЈован Цветковиќ на пијано и саксофонистот Игор Величковски.
Загина возач на камион, го удрила приколка додека истоварал багер Шеесет и петогодишен возач на камион загинал, откако го него удрила приколка од која истоварал работна машина.
Уште три клупи завршија во река Три клупи се скршени и фрлени во реката Липковка покрај Стариот градски парк во Куманово. Вандализмот го забележеле вработените во ЈП „Чистота и зеленило“ вчера наутро при извршување на редовните работни обврски.