×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот музеј прослави 50 години постоење

    22.12.2014 12:58 | KumanovoNews

    Во просториите на Музеј Куманово денеска се одржа свеченост по повод 50 години постоење и успешна работа на установата.

    Кумановскиот музеј прослави 50 години постоење

    Пред присутните беше прикажан документарен филм за работењето на музејот од формирањето до денес. Во 1964 година културната институција започнала да работи како историски музеј, а со годините се проширувала дејноста и се зголемувал бројот на вработените. Во последниве две години особено се актуелни археолошки истражувања на Татиќев камен, Кокино и во месноста Градиште.

    “Досега имаме соберено над 7500 експонати од сите локалитети во околината на Куманово. Имаме откупено етнолошки доста богат непроценлив материјал. Во Уметничката галерија исто така имаат 7000 непроценливо вредни уметнички дела, богато културно наследство со кое што располага музејот и навистина се трудиме да го презентираме во земјава и во странство“ - рече Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.

    На одбележување на јубилејот беше присутен и заменик министерот за култура, Драган Недељковиќ, кој кажа дека само во 2014 година, министерството поддржало 20 изложби во кумановскиот музеј.

     “Музејот Куманово опстојува, и работи во рамки на промовирање на културата на Македонија, не само во самата држава, туку и надвор. Тоа покажува околу 1000 изложби направени, преку 7000 артефакти, слики итн. Министерство за култура на Република Македонија секогаш ќе ги поддржува националните установи и локални установи од областа на културата. Ние се трудиме да културата биде дисперзирана, не да биде само во Скопје“ - изјави Недељковиќ.

    На свеченоста говореше и градоначалникот Зоран Дамјановски, кој го честиташе големиот јубилеј.

    „Пола век е значаен датум во работење и промоција на Куманово и кумановско, етнологијата, историските поставки, уметноста и се она што го чини културното живеење на овој град. Во име на граѓаните на Куманово сакам да кажам дека сум горд што имаме една ваква установа со многу голем број на изложби, поставки, експонати и се она што го краси живеењето во овој дел на Македонија“ - вели Дамјановски.

    Во знак на благодарност за  плодната соработка, градоначалникот и додели плакета на директорката, а благодарница за посебен придонес за развојот на музејската дејност, музејот доби и од Македонски национален комитет на меѓународен совет на музеите.