×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МорбиЛно морбиДно

    Ивица Алексовски

    Податочното пребарување низ расположливата електронска литература фокусирано на македонската здравствена стратегија во совладувањето на актуелната епидемија на морбили, случајно ме пренасочи на една траорна статистика од декември 1961 година.

    Угледниот кумановски лекар, д-р Драги Караџински, за шестиот број од првата година на култниот Наш весник (https://issuu.com/bibliotekakumanovo/docs/br.6_od_15.01.1962), загрижено нотира висока месечна (!) смртност од мали сипаници во кумановската околија, која и географски и според сегашното територијално организирање, одговара на Североисточниот плански регион: во декември 1961 година, 207 болни починале од компликации на морбилите; 55 биле деца, меѓу нив - 26 доенчиња!

    Релативно „малиот“ удел на потесните атари на Куманово (22 починати од кои 8 во најкритичното - Романовце) и Липково (20 починати) во однос на 207-те од црната и потиснатата регионална статистика - „1961.“, се должи исклучиво на скромната, но сепак, достапната општинска здравствена мрежа од болница, здравствен дом и антитуберкулозен диспанзер, надополнета од стручниот потенцијал на 17 овдешни лекари по општа медицина и 5 скопски специјалисти коишто ординирале хонорарно и на повик на болницата – непосредно може да се заклучи од содржината на насловната статија од истиот тираж на Весникот: „До 1965: 155 милиони динари за унапредување на здравството“.

    Нечесно би било ако горниов наратив го прелаже читателот и погрешно разбере дека тогашниот еднопартиски естаблишмент претходнава парична инвестиција ја употребил исклучиво за справување со малите сипаници/морбили.

    За волја на вистината, на преминот од `61. кон `62., здравствените власти не ни прогласиле епидемија од морбили иако токму тогаш во структурата на кумановската болница се надоврзува одделението за заразни болести коешто, оттогаш до денеска, го ужива угледот на место со одлична медицина и брилијантни лекари.

    Сепак, отчетно и чесно, до крајниот рок, со 155-те милиони тогашни динари биле изградени 4 здравствени станици, 3 амбуланти во селата од атарот на Куманово и 2 здравствени станици, наменети за работничките и работниците во кумановското стопанство, а власта и општествено-одговорните претпријатија стипендирале 13 лекари во додипломското образование и 4 специјализанта за потребите на болничката заштита, со што ја задоволиле потребата од здравствени услуги и практично ја овозможиле промоцијата на здравјето и здравите навики приближувајќи му ја научната медицина на сè побројното население, ангажирано во развојот на финансиски моќната кумановска индустрија.

    Секако, поентата од почетокот не е промоција на дигитализираниот облик на Наш весник чијашто содржина критичката јавност одамна ја смета за непроценливо локално пишано наследство на Куманово од 20. век, туку промоција на восхитувачкиот демократски изблик среде едноумието (!) којшто на децентрализираните здравствени системи, скроени според потребите на малите, но јасно дефинираните заедници и на луѓето во нив, им гарантира успех. Добро здравје!

    Доколку се оттргнеме од таложливата партиска исфрустрираност, непретенциозно и со право ќе се гордееме на чекорот до остварувањето на недофатливиот идеал на стратезите од Светската здравствена организација – „Здравје за сите!“, лајтмотив употребен и на скорешното одбележување на Меѓународниот ден на здравјето, а со видливо операционализиран обид во амбициозното Куманово на шеесетите.

    Свесноста, пак, за влијателноста на весникот, поставена во светло на реалното и чесното известување на граѓаните, па макар и за колективната трагедија во која цел регион неповратно губи 207 жители, од кои четвртина се деца, била најверојатната причина поради која уредништвото пласирало најава за инвестиција во локалниот здравствен систем, со намера да креира „поддржувачка средина“ којашто нема да го дезинтегрира кревкиот кумановски здравствен систем, немоќен да се спротивстави на разорната моќ на морбилите, во отсуство на ефикасна специфична вакцина.

    СЗО моќта на „поддржувачката средина“ ја нотира во 2016. (!)

    Но, во 7. декада од минатиот век, македонскиот здравствен менаџмент и немал друг поисплатив избор освен интензивно да вложува во кадар и здравствена инфраструктура и со стандардното конзервативно лекување, наместо превентивното делување, да води битка и со поголемиот број заразни болести бидејќи, по ослободувањето до 1960., вакцинално во Македонија можело да се спречат 5 од 11 заразни болести, колку што брои тековно службениот Календар за имунизација.

    Моновалентната вакцина против мали сипаници на овој список се запишува како шеста, 12 години по нејзиното пронаоѓање (1960.), односно 9 години по американското стандардизирање за употреба (1963.), а дури од 1982. во поливалентна форма, како најдобра трикратна заштита против морбили, заушки и рубеола.

    Неодлучноста на повоените епидемиолошки власти којашто првично резултирала со долгото конципирање на имунизациската агенда е мошне веројатна причина за несоодветниот антиморбилен имунитет во возрасната група на заболени во актуелната епидемија, со значајно зголемен ризик за компликации.

    Убеден сум дека овој, навидум, недостаток којшто здравствениот денар од превентивната не сакајќи го насочил кон билдање на капацитетите на куративната медицина - инвестиции во здравствената инфраструктура и потенцијалот на медицинскиот кадар, е залогот кој не ќе дозволи актуелната епидемија на мали сипаници да го добие разорниот потенцијал или исходот, каков што за жал, нотира почитуваниот д-р Караџински, во јануари `62.

    Сосема доволен доказ е трендот на стабилноста на Индексот на хуманиот развој (http://hdr.undp.org/en/composite/trends) којшто УНДП го користи за мерење на достигнатиот човечкиот потенцијал кој ќе овозможи оддржлив личен и заеднички развој, а индиректно и на отпорноста кон кризни ситуации кои го нарушуваат концептот на оддржливост, непресудно од големината на бруто-домашниот производ по жител, но во суштинска корелација со еден од клучните индикатори од здравствената димензија на индексот и пропагатор на епидемиската форма на морбили – процентот на НЕопфатените едногодишни деца со МРП-вакцина, календарска точка за првото анти-МРП вакцинирање.

    Според овој индекс, со последна вредност од 0.757 за 2017., УНДП ја рангира Македонија на 80./189. место, во групата - Земји со ВИСОК степен на хуман развој.

    Доволно оптимистички за утрешниот почеток на Европската имунизациска недела, нели?

    Ивица Алексовски Ивица Алексовски, Центар за комуникации, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*