Грипот и настинките не се регистрираат како ковид-19 за да се создаде лажна пандемија
Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална и не станува збор за лажна пандемија. Тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последната година и половина.Тоа што симптомите на грипот и ковид во одреден дел може да се слични, не значи дека настинка, грип и ковид се една иста работа. А со оглед дека симптомите за сите овие три заболувања се слични, тестирањето и натаму е најдобрата опција за да се утврди од што е некој заразен. ПЦР тестот исклучиво го пронаоѓа коронавирусот и тоа според единствено за Сарс Ков 2 специфични гени – N и E. Овие гени во грипот ги нема. Значи, нее можно на ПЦР панел за детекција на коронавирусот, да биде детектирана инфлуенца или обратно – со тестови за детекција на инфлуенца да биде детектиран коронавирус