Не е вистина дека починале 3 отсто од вакцинираните со „Фајзер“
Во текстот што се споделува на Фејсбук погрешно се чита Извештајот на „Фајзер“ за пријавени несакани реакции од вакцините аплицирани до 28 февруари 2021 година. Во Извештајот не се наведува колку вкупно вакцини се аплицирани, туку бројката од 42.086 случаи е само за пријавени негативни ефекти. Во документот се посочува дека „Фајзер“ идентификувал 42.086 извештаи за случаи на несакани настани по вакцинацијата, собрани од извештаи испратени до самиот „Фајзер“ и од националните здравствени власти ширум светот (не само во САД). Од нив, регистрирана била смрт кај 1.223 случаи. Но, ова не значи дека овие луѓе, кои примиле вакцина на „Фајзер“, починале поради вакцинацијата, како што се тврди. Ова, исто така, не значи дека од аплицирани 42.086 вакцини, починале 1.223 лица, туку дека од пријавени 42.086 несакани ефекти, 1.223 биле случаи со смртен исход