Црвенковски утре кај стечајците
20.02.2010 12:02
| KumanovoNews
Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски утре ќе ги посети стечајните работници, кои веќе 2,5 месеци штрајкуваат во просториите на поранешен Комитет.

Стечајците досега ги посетија претставници на повеќе опозициони партии кои им дадоа подршка за остварување на нивните барања.Вчера по четврти пат кај нив беше и Љубе Бошковски, лидер на Обединети за Македонија.