×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Економското училиште на албански јазик пуштено во употреба

    02.02.2010 16:54 | KumanovoNews

    Без ни едно државно обележје и ниту еден збор на македонски јазик во официјалната програма, денeска беше предадено во употреба новото економско училиште на албански јазик, сместено во некогашната касарна „Христијан Карпош“ во населбата Бедиње.

    Економското училиште на албански јазик пуштено во употреба

    Прославата се одржа во дворот на училиштето во присуствуво на министри, пратеници, градоначалници, советници и највисоки функционери на централната и локалната власт.

    Тоа е проблем на протоколот и организаторот,ние неколку пати сме кажале дека како политичка партија ги почитуваме сите државни симболи. Зошто нема македонски знамиња треба да прашате некого од училиштето, ние сме поканети само како гости - рече вицепремиерот Абдулхаким Адеми, задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

    Поради немањето на државни и општински обележја реагираше градоначалнокот Зоран Дамјановски. Тој се надева дека пропустот на менаџерскиот тим од eкономското училиште нема политичка позадина, но најави дека повеќе нема да толерира вакви провокации. Претседателот на Советот Виктор Цветковски, откако ја виде сценографијата во знак на протест ја напушти прославата.

    За адаптирањето на просториите од некогашните војнички соби на касарната, Министерството за образование потроши над 600 илјади евра. Во економското училиште настава ќе посетуваат 820 ученици. Лентата ја пресекоа заменик министерката за образование Линдита Ќазими и градоначалникот Дамјановски.

    Училиштето ги задоволува сите критериуми за нормално одвивање на наставата. Ние како министерство ќе продолжиме и понатаму да ги подобруваме условите за сите училишта. Се разгледува опцијата и другите објекти во касарната да бидат искористени за образовни институции - изјави Ќазими.

    Во училиштето има 19 училници и 5 кабинети за практична настава. Општината учествуваше во инфратруктурното уредување на училиштето во патеките и пристапот до зградата.

    Додека траеше прославата, ученици Албанци од гимназијата протестираа пред зградата поради тоа што сеуште немале учебници на албански јазик.
    Вицепремиерот Адеми, истакна дека проблемот не е до министретвото, туку до нереалните барања на  училиштето, за учебници од автори кои не постојат и потенцираше дека станува збор за политичко манипулирање со ученици.