Го расекол со нож зашто се скарал со чичко му
17.02.2010 12:50
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.Ш.(24) од Куманово за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Пред два дена околу 20,30 часот на ул.„Веселин Вуевски„, настанала расправија поради нерасчистен долг помеѓу чичкото на пријавениот и М.А.(36) од Куманово. За да го заштити својот роднина Р.Ш. се нафрлил на М.А. и му нанел расекотини по главата.