Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Муарем Салиу (36) од Липково е убиен, а неговиот 4 години помлад братучед Бурим (32) е тешко повреден вчера попладне пред продавницата „Сал Идриз Ком“ во селото Липково кога врз нив пукало едно лице од Арачиново.
Според полицијата на пукањето во 16.45 часот му предходела расправија помеѓу повредениот Бурим и три лица од групата. По кавгата насилниците си заминале, а во меѓувреме во дуќанот дошол Муарем со своите две малолетни деца. Тој стоел со братучедот кога четворицата арачиновците се вратиле со автомобил „мазда“ со скопски регистерски таблички и ја продолжиле расправијата. Тогаш еден од напаѓачите излегол колата и со пиштол прво почнал да пука кон Бурим, а потоа и кон Муарем. Се вратил во колата и сите побегнале.
Селаните притрчале да им помогнат на повредените и ги пренеле во кумановската болница. Тешко повредениот Муамед починал на патот кон болницата, додека Бурим поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Таму е опериран и се наоѓа вон животна опасност. Полициско - судски екипи извршиле увид на местото на насатанот каде пронашле пет чаури, еден проектил, еден неиспукан куршум кал.7,62 и траги од крв. Мотивите за убиството не се познати. Полицијата ги знае напаѓачите, но во интерес на истрагата на го открива нивниот идентитет.
Денеска жителите во селото Липково шокирани од настанот, тагуваа за својот сосед. Велат дека Муарем бил чесен човек кој живеел од обработка на земјиштето. Во семејството чекале принова, а вечерта дошол со своите деца, од кои едното имало две, а другото четири години, да купи нешто за вечера. Откако пазарел тргнал накај дома и се сретнал со Бурим. Крвавата драмата се одвивала пред очите на неговите деца.
Одеднаш настанаа пискотница и вреска. Децата цркаа и не знаевме што се случува. Подоцна ни рекоа дека е убиен Муарем. Незнаеме зошто, но настрадаа невини луѓе од некои бандити - вели еден од соседите.
Како што кажуваат жителите, напаѓачите во текот на денот шетале со автомобилот низ селото. Неофицијално се зборува дека причина за убиството била расправија за девојка која работела во продавницата, братучетка на Бурим и Муарем, а пријателка на еден од арачиновците.