Мени

Ќе се примат 43 шумски полицајци со плата од 36.246 денари за работа во три смени

15.10.2026 12:29 | KumanovoNews

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен оглас за вработување на 43 патролни шумски полицајци на неопределено време, со месечна нето-плата од 36.246 денари.

Ќе се примат 43 шумски полицајци со плата од 36.246 денари за работа во три смени

Како што е наведено во огласот, кандидатите треба да имаат најмалку средно образование, а можат да се пријават и лица со и без работно искуство. Избраните кандидати ќе бидат задолжени за заштита на шумите, спречување и откривање незаконска сеча и шумски кражби, како и за контрола на превозот и преносот на дрва и други шумски производи. Во нивните работни обврски спаѓаат и следењето и пријавувањето шумски пожари, растителни болести и штетници.

Работното време е организирано во три смени, од понеделник до недела, со вкупно 40 работни часа неделно. Кандидатите треба да достават и потврди за положени психолошки тест и тест за интегритет, лекарско уверение, како и останатите документи наведени во огласот.

Рокот за пријавување е 20 дена од денот на објавувањето на огласот. Пријавите со потребната документација се доставуваат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.