Мени

Кривична пријава за полов напад, силување и уцена врз малолетно девојче од Липковско

10.01.2026 19:10 | KumanovoNews

Кумановската полиција до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против  Н.А. (31) од село Слупчане, Општина Липково за сторени кривични дела "полов напад и силување"  и "уцена" и против  Ќ.М. (28) од село Слупчане, за сторено кривично дело "полов напад и силување". 

Кривична пријава за полов напад, силување и уцена врз малолетно девојче од Липковско

Според соопштението на МВР, Н.А., спротивно на јасно изразена волја, извршил полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принудил на полови дејствија и со Ќ.М.

Потоа Н.А. се заканувал на малолетничката дека наводно ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати 20.000 евра.

Девојчето било принудено да зема пари од дома без знаење на родителите и да позајмува од други лица, па во повеќе наврати му ги давала парите на Н.А.

Во интерес на истрагата и потребата од заштита на малолетната жртва, Министерството за внатрешни работи апелира за внимателно и етичко известување за настанот, како и користење на официјални извори.