×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Партиите ќе добијат паноа за политички маркетинг

    03.03.2014 14:39 | KumanovoNews

    Општината Куманово и Општинската изборна комисија ќе одредат простор каде ќе се лепат плакатите на политичките партии за потребите на изборите.

    Партиите ќе добијат паноа за политички маркетинг

    Во градот ќе бидат поставени неколку рекламни паноа кои ќе користата за политичко рекламирање на партиите.

    Ќе се предвиди повеќе простор за да има место за сите политички парти. Просторот ќе биде распределен според бројот на гласачи. Така ќе го регулираме бесплатното рекламирање на партиите. Се друго што ќе биде залепено на таблите, спротивно на законот ќе биде санкционирано. Инспекциите ќе можат да поднесат пријави против партиите. - изјави  Лидија Ланг од секторот за урбанизам.

    Од секторот за инспекциски надзор велат дека за лепење на плакати на места кои не се за таа намена согласно Закон за комунални дејности се казнува 200 евра.

    До сега немаше одреден простор за таа намена и градот е насекаде излепен со плакати кои никој потоа не ги чисти и го нагрдуваат градот.