Пингпонгарите на „Куманово“ освоија две бронзани медали и пласман на топ 8 на државно првенство
На Државното поединечно првенство за играчи до 19 години, што се одржа во Крива Паланка, пингпонгарите на ППК "Куманов" постигнаа нов успех, две трети места и пласман на топ 8.

Андреј Васевски и Јаков Јакимовски се трети во игра на двојки, а додека Васевски е исто така трети во игра на мешани двојки со Изабела Ковачевска од ППК "Зегин Берово".
„Сето онаа што беше зацртано на оваа првенството го остваривме. Две трети места во две категории и бронзени медали за моите ученици како и пласман во осумте најдобри во поединечна конкуренција, а со тоа и учество на ТОП 8 за играчи до 19 години У19, беше реализирано. По одиграни два бодовни Мастер турнири и оваа Државно првенство Јаков Јакимовски е четврти а Андреј Васевски осми на ранг листа за играчи во категорија У19 во државата и за две недели ќе настапат на последното натпреварување во сезоната ТОП 8“, кажа тренерот на ППК „Куманов“ Мики Трендафиловски.
На оваа првенството настапи и третиот член на оваа млада екипа Јаков Кузмановски кој играше во рамките на своите можности во овој момент.