Пожар во маркетот Адриатик
17.02.2010 12:26
| KumanovoNews
Во супермаркетот Адриатику, на улицата „Владимир Назор“, вчера во два часот по полноќ избувнал голем пожар. Пожарот го забележал чуварот што го обезбедувал објектот и веднаш ја повикал противпожарната служба.

Пожарникарите со три возила и пет пожарникари со огнената стихија се бореле 2,5 часа, да не се прошири и на останатиот дел од објектот. Пожарот бил изгаснат во 4.10 часот.
Причинета е голема матерјална штета, која дополнително ќе биде утврдена. Се претпоставува дека пожарот го предизвикала плинска греалка.