Пожар во подрумските простории на Основен суд Куманово
11.07.2023 08:04
| Сузана Николиќ
Изгореa подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово.
Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) пожарот избувнал по 1 часот по полноќ.
„ТППЕ Куманово бележи интервенција во текот на ноќта на опожарени простории на зградата на Основен Суд Куманово во 01,35 часот . Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сеуште е на терен“, соопштува РЦУК.
Дека има пожар во зградата ни потврдија и вработени во судот и во другите институции на кои утринава им било кажано да не доаѓаат на работа, бидејќи нема услови за работат поради пожарот во судот.

