×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Словенци ќе помогнат во развој на Северо-источниот регион

    03.02.2010 15:13 | KumanovoNews

    Искуствата од регионот „Срцето на Словенија„ ќе се користат во развој на Северо-источниот регион. Претставници од овој регион на днешната работилница ги презентираа придобивките од развојот кој започнал во 2000-та година преку проекти финансирани од Европската унија.


    Словенци ќе помогнат во развој на Северо-источниот регион

     Во мометот овие седум општини заедно со Љубљана се познат бренд кој привлекува туристи од европските држави и пошироко.

    -Развојот на регионот се одвиваше чекор по чекор. Она што го имаме постигнато денеска се одвиваше во неколку етапи. Основната цел е регионот да се развива не само инфраструктурно туку и социо-економски. Потребно е многу вложување во човековите ресурси за да може да се почувствуваат придобивките. Ние на нашите колеги-пријатели од Баканот, пред се од Македонија ќе им помогнеме со нашето знаење и ресурси и таа енергија сигурно ќе се искористи во позитивен правец - вели Александра Градишек дирекоторка во центарот за развој Литија.

      На денешената работилиница стана збор и за евопската претпристпна помош која е наменета за рамномерен рурален развој на регионите.

     - Нашиот мотив е да успееме да го постигнеме она што имаат направено словенците, но свесни сме дека за тоа е потребно многу време труд и енергија.Ние сме подговтвени да работиме и преку проекти кои ќе ги финасира ЕУ ќе можеме да ги постигнеме саканите резултати - изјави Младен Протиќ, раководител на Североисточниот- плански регион.

      Претсвници од северо-источниот регион што го сочинуваат Куманово, Кратово, Крива Паланка , Ранковце,Старо Нагоричне и Липоково на покана словеничките колеги ќе престојуваат во регинот „Срцето на СЛовенија„ каде што на терен ќе имаат можност да ги видат резултатите од руралниот развој.