×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Укинат балансерот за вработување во администрацијата, одлуката нема да важи ретроактивно

    09.10.2024 15:57 | KumanovoNews

    Вработување по етнички клуч во администрацијата, т.н. балансер е неуставен, одлучи Уставниот суд.

    Укинат балансерот за вработување во администрацијата, одлуката нема да важи ретроактивно

    Мерката нема да важи ретроактивно, што значи дека сите оние кои ја смениле етничката и национална припадност остануваат запишани со изборот кој го навеле при вработување во државните институции и установи.

    Уставниот суд на 18 септември одлучи да поведе постапка, по седница на која расправаа дали со „балансерот“ се нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. На истата седница се донесе одлука и да се стопираат вработувањата по национален клуч до донесување на конечната одлука, по што Министерството за јавна администрација донесе насоки по кои требаше да постапуваат државните институции.

    Иницијативата е поднесена од страна на поранешниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) сметајќи дека алатката се злоупотребува. Многу функционери и политички лидери навестија дека е можна злоупотреба и изјаснување на поединци, но го оценија како лично национално чувство во кое немаат никакво право да се мешаат и преиспитуваат.

    Забележани, но и не докажани се случаи кога Македонци за пријавиваат како Албанци, Срби како Роми, Роми како Власи, Власи како Турци или Бошњаци за да се вработат во јавната администрација.

    Лага и манипулација е дека Уставниот суд со својата одлука укинал права на некоја етничка заедница, рече по седницата претседателот на Уставниот суд.

    „Тие права се тука, во Уставот. Од одлуката на Уставниот суд што ја доби денеска Собранието, ќе знае законодавецот како да регулира понатаму“, рече Костадиновски.

    Одлуката за поведување постапка за „балансерот“ најмногу реакции предизвика кај партиите од албанскиот блок, посебно опозициската ДУИ кои оценуваат дека ова е почеток на уништувањен на меѓуетничките односи, што можат и да доведат до рушење на Охридкиот договор.

    Од друга страна, владиниот коалиционен партнер од коалицијата „Вреди“ Изет Меџити констатира дека овој механизам е девалвиран, неговото време е завршено и дека со евентуално негово укинување Албанците во државава не губат ништо.