Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здравствениот дом - Куманово минатата година инвестираше во уредување на кровната конструкција, а обезбеди и донација вредна 50.000 евра. Апаратот за испитување хормонален статус и тумор маркери е прв од ваков вид во градските здравстевени ординации.
За тестирањето на пациентите потребен е само упат од матичен лекар. За испитувањето се плаќа само партиципација. Овој апарат значително ги намалува трошоците на пацинетите кои досега мораа да одат во Скопје - вели Миомир Панковски, директор на здравствениот дом.
Оваа здравствена установа ќе продолжи so обезбедување донации, пред се за набавка на лежечко возило со помал габарит, бидејќи старото кое го поседува домот е амортизирано.
Буџетот на домот за три месеци изнесува 18 милиони и 750.000 денари.