Во Куманово денеска се одбележа 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба Во Занаетчискиот дом во Куманово денеска се одржа свеченост по повод 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. Беше организирана пригодна програма- изложба на фотографии и проекција на документарен филм за ликот и делото на Гоце Делчев.
Без струја цели реони, населби и села Без електрична енергија денеска ќе останат потрошувачите на повеќе делови од градот, приградски населби и села во Куманово и Липково.
Просечната нето плата за август е 41.097 денари Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари, што е за 12,9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
IQOS караванот на нова локација, во Куманово Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата привремена локација на IQOS караванот, поставен пред влезот на Алфи во Куманово.
Продолжен рокот за пријавувањето на проекти од културата во Општина Куманово За уште две недели се продолжува рокот на јавниот повик на Општина Куманово за прибирање на предлог- проекти за организирање културни манифестации во наредната 2025 година.
Приведени двајца кумановци, осомничени дека краделе од автомобили Двајца кумановци се приведени под сомнение дека обивале и краделе во автомобили.
Регулиран сообраќај, помалку згради и повеќе зеленило, бараат жителите на „БС Гојчо“ Регулирање на сообраќајот во уличките околу Гимназијата „Гоце Делечв“ е еден од приоритетите на жителите од Урбаната заедница „Благоја Стевковски- Гојчо“ во Куманово, централна средина која ја нарекуваат „папокот на градот“.
Започна вакцинацијата против сезонски грип во Куманово Од денеска започна вакцинацијата на риѕичните групи против сезонски грип во Центарот за јавно здравје Куманово. Процесот се одвива непречено, на претходно закажани термини, а дневно имаат по околу 300 заинтересирани.
Кумановци не ја искористија можноста бесплатно да го изнесат кабастиот отпад од своите домови, слаб одѕив на акцијата Мал број на граѓани изнеле кабаст отпад на пунктовите кои ги одреди ЈП „Чистота и зеленило“.
Среда, 23 октомври – неработен ден за сите граѓани Среда, 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
На концертот за 11 Ноември ќе настапат 22 пејачи, ќе чини 32.000 евра и плус 2.500 евра за огномет Повеќе домашни изведувачи ќе настапат на традиционалниот концерт по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово, кој е насловен како „Македонија пее за Куманово“, а ќе се одржи на Градскиот плоштад во Куманово.
Запалени четири контејнери за отпад во Куманово Вкупно четири контејнери вчера се целосно оштетини, откако биле запалени на две локации во Куманово, во населбата Бавчи и во селото Горно Којнаре.
Да ги вратиме старите сорти и вкусови од детството, мото на првиот саем „Везенка” во Пчиња (Видео) Да одгледуваме производи од старите сорти и да ги вратиме вкусовите од детството, беше мото на првиот Саем на автохтони сорти - „Везенка”, кој денеска се одржа во кумановското село Пчиња.
Откриени два случаи на криумчарење мигранти Три лица се приведени поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
До понеделник ќе трае повикот за пријавување на културни настани кои ќе ги финансира Општината До понеделник трае јавниот повик на Општина Куманово за прибирање на предлог- проекти за организирање на културни манифестации за наредната 2025 година.
Неексплодирана граната пронајдена во Черкеско село Во полицијата било пријавено дека неексплодирана граната е пронајдена во селото Черкезе.