500x100-1
09. 09. 2010 15:07

Градоначалникот на баклава во ИВЗ

Градоначалникот на баклава во ИВЗ

Муфтијата Абедин Имери се заблагодари на посетата и потегот на градоначалникот го оцени како доказ за почитување на сите граѓани независно од нивната верска и етничка припадност.

Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ја посети Исламската верска зедница во Куманово по повод големиот празник Рамазан - Бајрам. При тоа на муфтивството и сите граѓани од муслиманска вероисповест во свое име и во името на локалната самоуправа им го честиташе празникот. Муфтијата Абедин Имери се заблагодари на посетата, и потегот на градоначалникот го оцени како доказ за почитување на сите граѓани независно од нивната верска и етничка припадност. Заеднички беше заклучено дека постои одлична соработка помеѓу општината и заедницата во интерес на сите граѓани и добрите меѓуетнички односи. На средба со муфтијата , покрај градоначалникот присуствуваа и советниците на Нова демократија.


Градоначалникот на баклава во ИВЗ