500x100-1
27. 09. 2010 12:05

Занатскиот дом ќе стане репрезентативен објект

Занатскиот дом ќе стане репрезентативен објект

 Главени акцент ќе биде ставен на свечената сала и галеријата, изградба на музеј на чевларската индустрија  ,а ќе се реновираат и останатите простории.

 До крајот на годината треба да започне реконструкцијата на Занатски дом во Куманово. Идејниот проект го изработија млади кумановски архитекти кои сакаат на овој културно-историски објект да му го вратат  некогашниот сјај. Главени акцент ќе биде ставен на свечената сала и галеријата,  музеј на чевларската индустрија , а ќе се реновираат и останатите простории.

Проектот за санација и адаптација на Занатскиот дом се однесува на 650 метри квадратни корисна површина, која како таква треба да одговори на зголемените потреби на локалната самоуправа од аспект на протоколарни средби, семинари конгреси, различни културни манифестации. Што се однесува до надворешната обработка предвидуваме само промена на столаријата,бојадисување и амбиетално осветлување на објектот со максимално почитување на препознатливиот карактер и изглед на објектот, земајки го во предвид културно историското значење што го има -  вели архитектот Стефан Лазаревски.

Средства за реновирањето ќе обезбеди Општината, а дел ќе се бараат од  донации и странски фондации. Според првичните пресметки проект ќе чини од 400-500 иљади евра. Занатскиот дом,  по кој Куманово е препознатливо во подледниве 20 години е занапуштен. Во дел од него се сместени неколку трговски дукани и Историскиот архив.  Домот е изграден во 1930 година, на 21 ноември ќе се навршат 80 години од неговото постоење.

Занатскиот дом ќе стане репрезентативен објект