Облачно со дожд и снег Денеска времето ќе биде променливо облачно проследено со повремени врнежи од дожд во пониските и снег во повисоките делови.
Во Куманово ќе се отвори Центар за помош на децата Словенечката амбасада ќе финансира отварање на три советодавни центри за помош на децата во Република Македонија. Еден од центрите ќе биде сместен во Куманово, а ќе биде наменет за децата од сите националности што имаа некакви проблеми.
Ќе се асфалтира патот Старо Нагоричане-Никуљане Наскоро ќе започне изградбата на локалниот пат што ги поврзува селата Старо Нагоричане и Никуљане. Општината Старо Нагоричане веќе потпиша протокол за соработка со Агенција за државни патишта.
Исправка Во текстот под наслов „Србите во Куманово го прославија националниот празник“(објавен во рубриката вести на 27.01.2010), направена е немарна грешка и како организатор на Свечената академија по повод „Свети Сава“, покрај ДПСМ е наведено и здружението на жени Коло на српските сестри.
ТВ Нова наградeна за јакнење на граѓанското општество Телевизија Нова е добитник на годишната награда за придонес во зајакнувањето и промовирањето на граѓанското општество за 2009 година на локално ниво што ја доделуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за трајни заедници и USAID.
Муратовски конечно кај стечајците Синдикалниот лидер Ванчо Mуратовски, денеска за првпат ги посети стечајците што веќе 55 дена штрајкуваат со глад во Куманово. При тоа тој им вети дека во февруари ќе достави нов Предлог - Закон, кој ќе биде ист за сите стечајци независно од нивната старосна граница.
Куманово обезбеди помош за поплавените во Албанија Општината Куманово со останатите градови вклучени во балканската мрежа Балсинет ќе учествува во хуманитарна помош за поплавените семејства во Република Албанија.
Студено и во наредните денови Во следните денови ќе се задржи променливо и студено време со повремени врнежи од снег. За време на викендот врнежите од снег во некои пониски места ќе поминуваат во врнежи од дожд.
Србите од Старо Нагоричaне ја прославија „Свети Сава“ Со свечена приредба во основното училиште „Светозар Марковиќ“, денеска Србите во Старо Нагоричане го прославија националниот празник и училишната слава „Свети Сава“.
Без вода две улици во градот Семејствата кои живеат на улиците „Стари Лозја„ и „Никшиќка„ денеска ќе останат без вода за пиење. Поради дефеки на водоводната мрежа прекинато е водоснабдувањето на двете улици.
Пријава за пукање од автоматска пушка Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ш.А.(23) од Куманово за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Свети Сава неработен за Србите во Македонија Среда е неработен ден за припадниците на српската заедница во Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празници 27 Јануари 2010 годинина е празник на Србите во државата.
Фрчковски: Владата да не тера инает на стечајците Професорот Љубомир Фрчковски денеска ја повика Владата да не води инат на стечајците, туку да покаже солидарност и да ги посети што побрзо за да најде решение за нивниот проблем, бидејќи луѓето штрајкуваат со глад веќе втор месец.
Фрчовски кај стечајците Љубомир Фрчковски, претседателскиот кандидат на СДСМ денеска ќе ги посети стечајните работници кои втор месец штрајкуваат во зградата на поранешен "Комитет".
Кумановски „Биг Бен“ нетачан „Да га намести некој сат у Куманово куде што се чекав сви кумановци“ е една од групите на Фејсбук, која деновиве се оформи за да го актуелизира прашањето со расипаниот часовник на паркингот пред Центарот на култура.
Дејан Станојковиќ го фати крстот во „Св.Никола“ Дејан Станојковиќ (21) го фати светиот крст во осветените води на базенот во дворот на црквата "Св. Никола". Тој беше најбрз и најсреќен од триесетината момчиња кои скокаа во ладната вода.