Мени

Дваесет и втора седница на Совет

Дваесет и втора седница на Совет

 Советот на Општината Куманово утре ќе ја одржи дваесет и втората-редовна седница. На дневен ред ќе се најдат 12 точки,а ќе се расправа за годишниот извештај и завршната сметка на локалната самоуправа, финансискaта помош за работа на пречистителната станица,формирање на Фондација за култура и спорт и други.

Осми март- Меѓународниот ден на жената

Осми март- Меѓународниот ден на жената

Празникот на жената се одбележува од 1910 година. На втората Меѓународна конференција на жените социјалистки одржана во Копенхаген на иницијатива на Клара Цеткин е решено овој ден да се празнува во чест на демонстрациите на жените ширум светот во 1903 година, кои се одржаа под паролата „Борба за општо право на глас“.

Подобри услови за живот на лицата со хендикеп

Подобри услови за живот на лицата со хендикеп

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост во соработка со „Хендикеп Инетернационал“ и техничка поддршка од амбасадата на САД, денеска одржаа работен состанок со претставници од локалната власт и невладиниот сектор.

Фуере: Економскиот развој е најзначаен за земјата

Фуере: Економскиот развој е најзначаен за земјата

Освен тоа што треба да се најде начин и да се спречат граѓаните да бараат азил во земјите од ЕУ, државата мора да поработи и на економскиот развој во Липковскиот регион, но во исто време да внимава и на најзагрозената категорија граѓани, на стечајците - изјави  евроамбасадорот Ерван Фуере при денешната посета на Општина Куманово.

Жителите на Липково добија Одделение за социјални работи

Жителите на Липково добија Одделение за социјални работи

Во Општината Липково  беше предадено во употреба Одделение за социјални работи. Отварањето на подрачното одделение што ќе биде сместено во зградата на Општината ќе се овозможи граѓаните на Липково побрзо и поефикасно да ги остварат правата од социјална заштита.

Куманово виа Белгија

Куманово виа Белгија

Околу 5 илјади жители на Куманово и Липково заминале во западноевропските држави во последните 2,5 месеци, откако стартуваше визната либерализација во државата. Најголем број од граѓаните патуваат на печалба во Белгија и Франција, а во помал број заминуваат и во скандинавските земји, Норвешка и Шведска.