Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува дека МНР не прави ништо за да ги извлече македонските граѓани од Украина
Досега се извлечени 50 македонски граѓани откако почна руската инвазија врз Украина, од вкупно 100 колку што живеат на оваа територија. На 24 февруари, кога и официјално почнаа руските напади, министерот Бујар Османи упати апел до сите македонски граѓани да се обратат за помош во амбасадата, а потоа започна и нивната евакуација, наспроти тврдењата на Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ кој изјави дека МНР не направило ништо во овој дел. Во вакви вонредни околности, нормално и потребно е да се користат сите можни средства и пријателските односи со државите, за да се помогне на секој граѓанин да ја напушти територијата на која се војува