×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одливот на медицински кадар од земјава е лавина која тешко може да се сопре

    Одливот на медицински кадар од земјава е лавина која тешко може да се сопре

    Бесмислените рестрикции на специјализации, децении наназад, изместените критериуми при вработување на сите здравствени профили каде  партиските војници секогаш имаа предност, си го сторија своето. Сега сме сведоци на постоење на два паралелни здравствени системи, државен и приватен! Државниот сè повеќе (ќе) се занимава само со сиромашните социјални слоеви, а приватниот со богатите, вели професорот на Медицинскиот факултет, доктор Драган Даниловски

    Не е точно дека цената на струјата „нема мрднато“ 4 години

    Не е точно дека цената на струјата „нема мрднато“ 4 години

    Изјавата на премиерот, дека во Македонија четири години не мрднала цената на струјата, е неточна. Имено, цената на струјата во последните две години двапати се зголеми со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), при што едно од овие поскапувања беше нивелирано со намалување на даноците, но второто покачување е реално

    Бројчаникот никако да проработи: Конфискацијата клучна против корупцијата, но тешко се спроведува

    Бројчаникот никако да проработи: Конфискацијата клучна против корупцијата, но тешко се спроведува

    Едно од главните предизборни ветувања на СДСМ, пред да ја преземат власта во 2016 година, беше поставување на бројчаник над „Порта Македонија“ кој ќе покажува колку од нелегално стекнатите средства се вратени назад кај граѓаните, односно во буџетот на државата. Во 2018 година премиерот Зоран Заев купи бројчаник од сопствени пари, но тој досега сè уште не почна да врти

    Лажна наградна игра се споделува од лажен Фејсбук профил на ДМ маркетите

    Лажна наградна игра се споделува од лажен Фејсбук профил на ДМ маркетите

    ДМ маркетите појаснија дека не организираат никаква наградна игра и не доделуваат ваучери онлајн. Исто така, страницата што го споделува повикот не е официјална на ДМ маркетите, туку е лажна. ДМ маркетите ги повикаа своите потрошувачи да не наседнуваат и да не споделуваат лични податоци, со напомена дека имаат само една единствена официјална Фејсбук страница во РС Македонија и таа не е онаа од која се споделуваат лажните повици за наводна наградна игра

    Саморегулацијата и Регистерот на медиуми профункционираа

    Саморегулацијата и Регистерот на медиуми профункционираа

    Во контекст на заложбите за што поголемо почитување на етичките стандарди во известувањето, во декември 2019 година СЕММ заедно со ЗНМ и во соработка со Стопанската комора на Македонија го претставија првиот Регистер на професионални онлајн-медиуми „Промедиа“, се вели во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

    Оваа детска лизгалка не е дел од изборната програма на кандидати за градоначалници на Скопје

    Оваа детска лизгалка не е дел од изборната програма на кандидати за градоначалници на Скопје

    Детската лизгалка, односно реквизит, поставен на фотографијата во склоп на постот, не е дел од изборна програма за градоначалници, туку е поставка за снимање филм, комедија, во Канада и воопшто не е за употреба надвор од таа цел, односно исклучиво е поставена за потребите на снимањето на филмот, како сценографија

    Изборот на нови луѓе во АВМУ и МРТ во застој две години

    Изборот на нови луѓе во АВМУ и МРТ во застој две години

    Иако обидите за избор на нови членови и на Советот на Агенцијата и за Програмскиот совет на МРТ траат од 2019 година, и покрај два распишани конкурса од страна на Собранието на РСМ, двете институции сѐ уште функционираат со стариот состав на луѓе.Ова, меѓу другото, се посочува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

    Јавниот сервис сѐ уште зависен – и финансиски и политички

    Јавниот сервис сѐ уште зависен – и финансиски и политички

    Иако јавните пари се неопходни за финансирање на јавните сервиси секаде во светот, Владата покажува дека има некаков проблем со финансирањето на МРТ. Агенцијата за медиуми во Анализата на пазарот од 2020 година констатира дека на МРТ во 2019 година биле префрлени помалку пари од законски предвидениот износ – 229,53 милиони денари (околу 3,7 милиони евра), а во 2020 година 510,70 милиони денари (околу 8,3 милиони евра). Ова, меѓу другото, се забележува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

    Платеното рекламирање – опасност од корупција на медиумите

    Платеното рекламирање – опасност од корупција на медиумите

    Платеното политичко рекламирање со себе носи опасност од корумпирање на медиумите и заробување на нивните уредувачки политики и поради тоа мора да се смени, т.е.  да се врати праксата политичките партии сами да си ги плаќаат трошоците за своите предизборни кампањи, или целосно да се забрани. Ова го покажува Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

    Субвенциите од државата добредојдени за печатените медиуми

    Субвенциите од државата добредојдени за печатените медиуми

    Во севкупното финансирање на медиумите со јавни пари влегува и субвенционирањето на печатените медиуми што се прави по утврдени правила. Правилата беа дефинирани во разговори помеѓу претставници на Владата, Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми, а со свои предлози учествуваа и од ЗНМ, се вели, меѓу другото, во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

    Лицата со попреченост бараат повисоки додатоци – ќе добијат 15 отстотно зголемување идната година

    Лицата со попреченост бараат повисоки додатоци – ќе добијат 15 отстотно зголемување идната година

    Креирањето и измените на политиките за лицата и децата со попреченост, зголемувањето на нивните надоместоци и додатоци, редицата неопходни чекори за олеснување на нивната егзистенција, неретко завршуваат на средина меѓу потребите и реалноста, односно нивото на средства кои државата треба и може да ги одвои за нив. Како дополнителна потешкотија последниве година и пол и повеќе се појави и ковид пандемијата. Како резултат на сето ова, имаме ситуација во која се исполнуваат помалите нивни барања и потреби, но оние најважните (неретко најскапите), се оставаат за други времиња

    Добар дел од медиумите сѐ уште се зависни од јавните пари

    Добар дел од медиумите сѐ уште се зависни од јавните пари

    Финансирањето на приватните медиуми со јавни пари е сѐ уште изразен проблем во Северна Македонија и покрај тоа што по парламентарните избори во 2016 г. и формирањето на политичката коалиција што ја раководи земјата од 2017 година, беше договорено и ветувано таквата пракса да прекине. Ова, меѓу другото, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

    Може ли да се стори повеќе за зголемување на безбедноста на медиумските работници?

    Може ли да се стори повеќе за зголемување на безбедноста на медиумските работници?

    Прашањето за физичката безбедност и заканите кон новинарите и медиумските работници е сѐ уште актуелно. Иако има одредено поместување во позитивна насока, сепак, тие и натаму се соочени со физички закани при извршување на својата работа и со непреземање конкретни активности од институциите задолжени за тоа (полицијата и, пред сѐ, јавното обвинителство) и сѐ досега немаше придвижување кон подобро, се посочува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во медиумскиот сектор под наслов: Реформи на половина пат – политичката волја час ја има, час ја нема

    Фондацијата Отворено општество Македонија не го финансираше извидничкиот камп Sex Scouts and Rock’n’Roll

    Фондацијата Отворено општество Македонија не го финансираше извидничкиот камп Sex Scouts and Rock’n’Roll

    Проектот, кој е помогнат од страна на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), се однесува на животната средина и нема ништо заедничко со извидничкиот камп Sex Scouts and Rock’n’Roll, или, пак, со теми поврзани со сексуално образование. Прирачникот, пак, кој е произлезен како резултат на овој проект, покрај од страна на ФООМ на локално ниво, на меѓународно ниво помогнат е од редица угледни меѓународни организации за заштита на животната средина какви што се Фондацијата Алкоа, WWF (World Wildlife Fund), па дури и од Програмата за заштита на животната средина на Обединетите нации (UNEP)