×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ромите сè уште се дискриминирани, ЕК бара поголема инклузија

    Ромите сè уште се дискриминирани, ЕК бара поголема инклузија

    Ромската популација во Република Северна Македонија сè уште е најранливото малцинство во земјата и продолжува да биде заедница што се соочува со институционална дискриминација, сегрегација и социјални предрасуди. Ромите официјално се признаени како етничка заедница која се спомнува во Преамбулата на Уставот, изменета со Охридскиот рамковен договор во 2001 година, но се заедница која останува исклучена од многу сегменти на општеството

    Граѓаните сè помалку им веруваат на институциите, на судството најмалку

    Граѓаните сè помалку им веруваат на институциите, на судството најмалку

    Во изминатата 2021 година граѓаните покажаа голема недоверба во демократските институции, но и во други чинители во политичкиот живот на државата. Тоа, пак, придонесе кон верување на граѓаните во разни теории на заговор што се шират на социјалните мрежи и кои потенцијално може да бидат опасни и да го загрозат јавното здравје

    И на реконструираната делница од регионалниот пат Тетово – Јажинце се поставени „легнати полицајци“

    И на реконструираната делница од регионалниот пат Тетово – Јажинце се поставени „легнати полицајци“

    Директорот на  Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми на 27 мај годинава, најави дека кога ќе се рехабилитира регионалниот пат Тетово – Јажинце ќе се извадат таканаречените „легнати полицајци“.

    Градската капела во Тетово сè уште не е пуштена во употреба

    Градската капела во Тетово сè уште не е пуштена во употреба

    Ветување: Во овој момент се врши исправка и надоградба на недостатоците коишто беа констатирани и очекуваме дека до крајот на месецов (август н.з.) капелата ќе биде пуштена во употреба, при што грижата за управување со капелата ќе биде доделена на новото Јавно претпријатие градски православни гробишта Тетово, изјави Александра Савеска, заменик-директор на ЈКП Тетово

    Завршена е изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш

    Завршена е изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш

    Ветување: Оваа втора фаза од изградбата на експресниот пат е во должина од 17 километри е поделена на две секции. Првата секција ја опфаќа делницата од Три Чешми до Штип Југ, а втората од клучката Бучим до Радовиш. На оваа делница вкупно се изведени 16 објекти за премостување и 3 клучки. Очекуваме работните активности да завршат пролетта 2022 година – истакна директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.  

    Националниот план за правата на ЛГБТИ заедницата се „сопна“ на истополовите партнерства

    Националниот план за правата на ЛГБТИ заедницата се „сопна“ на истополовите партнерства

    Во првичната верзија на Националниот акциски план за унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата не е предвидено воведување правна рамка за официјално признавање на истополовите двојки, а исто така не се регулирани и прашањата за наследство на истополови партнери. Актерот и активист за човекови права, Петар Стојковиќ, вели дека мора да се дејствува порешително. „Политичарите мора да сфатат дека кога се зборува за ЛГБТИ луѓето, станува збор за човечки животи. Живееме во држава каде сме стигматизирани, дискриминирани, трпиме вербално и физичко насилство, а сето тоа се одразува на нашиот личен и професионален развој, како и врз менталното здравје“, вели Стојковиќ 

    Органскиот отпад носи пари, ама завршува на депонии

    Органскиот отпад носи пари, ама завршува на депонии

    Секое домаќинство во земјава годишно продуцира стотици килограми биоразградлив отпад којшто заедно со останатиот непотребно завршува на депониите, без да се искористи за производство на биоѓубриво. Процентот е многу поголем во земјоделските региони, каде фармерите остатоците од градинарски култури – зелена лисната маса, зеленчук, овошје, ги фрлаат и формираат диви депонии без да го искористат нивниот потенцијал  преку компостирање. ЕУ бара поголема меѓусекторска координација на институциите во земјата, да се зголемат финансиските ресурси за намалување на аерозагадувањето, но и да се воспостават регионални системи за управување со отпадот

    Гаши не може да „пресуди“ дали Исмаили е чист како солза

    Гаши не може да „пресуди“ дали Исмаили е чист како солза

    Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во телевизиско гостување на дневникот на ТВ Сител, даде недоследна изјава. На прашање на новинарот дали со кадри како поранешниот министер за култура, Хусни Исмаили, кого партијата го предложи за потпретседател на Собранието на РСМ,  а за кој во меѓувреме Државната комисија за спречување корупција поведе инцијатива за кривично гонење пред ЈО, ќе ја враќа довербата кај граѓаните, Гаши одговори:

    Медицинските сестри бараат да се имплементираат европските директиви во македонските закони

    Медицинските сестри бараат да се имплементираат европските директиви во македонските закони

    Професионалните здруженија се жалат дека за прекратко време и со вонредно учење, како медицински сестри се вработуваат недоволно искусни и неиспраксирани кадри, кои поминале едукација којашто бара и понатаму да бидат континуирано мониторирани и да им се помага. Треба да се направи категоризација во професијата медицинска сестра, според формалното образование, клиничките вештини и компетенциите со кои секоја сестра се стекнала, како и со неформалното учење за кое таа има документ, велат од националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки 

    Шар Планина шест месеци под строга заштита, ама само на хартија

    Шар Планина шест месеци под строга заштита, ама само на хартија

    Националниот парк е пуштен во употреба, но во пракса нема никакви активности. Нема ренџерска служба, нема седиште и простории. Планинарските друштва велат дека изминативе неколку месеци додека ги организирале планинарските тури низ Шара, не почувствувале апсолутно никаква промена дека се движат низ некакво заштитено подрачје

    „Икс против Македонија“- историска пресуда која го отворa патот трансродовите лица да станат видливи за државата

    „Икс против Македонија“- историска пресуда која го отворa патот трансродовите лица да станат видливи за државата

    Пресудата на Европскиот суд за човекови права за случајот „Икс против Македонија” донесе тектонски промени и насоки дека земјава треба сериозно да работи на менување на Законот за матична евиденција, за да може да им се дозволи на трансродовите лица менување на полот од женски во машки или обратно во личните документи, како на пример во личната карта. Потребна беше 11 годишна тешка битка на овој маж пред домашните судови, па и тужба против државата до Стразбур, за „Икс“ да успее да го промени полот од женско во машко во личната карта, а со тоа да го отвори патот и за другите трансродови лица кои немаат вакво право во државата. Македонското законодавство на ниеден начин не го регулира ова прашање со што се дискриминираат трансродовите лица во сите животни полиња, од обезбедување лична егзистенција и вработување, до отворање на најобична банкарска сметка или меѓународно патување на аеродромите

    Не е точно дека Левица не гласаше за недела неработен ден

    Не е точно дека Левица не гласаше за недела неработен ден

    На 20.12.2021 Собранието со 62 гласа „за“ и ниту еден против го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор. Ден подоцна, на 21.12.2021 година, пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска, го изјави следното:

    Лицата со ретки болести со години лутаат низ здравствените институции

    Лицата со ретки болести со години лутаат низ здравствените институции

    Во охридско-стушкиот регион има околу триесетина пациенти со ретки болести, но според Здружението „Ретко е да си редок“, оваа бројка е многу поголема. Голем дел од нив не сакаат да се видливи и да зборуваат за болеста. За некои ретки болести постојат генетски испитувања во нашата земја, а за некои треба да се оди во странство, но тоа е на трошок на семејството и знае да чини од 500 до 5.000 евра по пациент. Во последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија се нотира умерен напредок во здравствената заштита на пациентите со ретки болести

    Уште многу работа ни треба за да се намали корупцијата и врати довербата во судството

    Уште многу работа ни треба за да се намали корупцијата и врати довербата во судството

    Институтот за европска политика Скопје го изработи шестиот Извештај за Поглавјето 23 согласно Извештајот на Европската комисија. Во него е опфатен периодот од април 2020 до септември 2021 година, а главните области се правосудството и темелните права во земјата, борбата против корупцијата, ранливите групи и дискриминацијата, слободата на изразување и медиумите. Кои проблеми се нотирани и како да се поправат состојбите?