×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Многу судови и судии, малку правда

    Многу судови и судии, малку правда

    Со систематизацијата на судската мрежа за судиите во сите степени на судовите и за сите видови судови се предвидени 636 судиски места, а пополнети се 493 места, но и со оваа бројка сме лидери во Европа. Со 34 судови сме први и според бројот на судови, но правда никако да добиеме

    Контраспин: Субвенционирањето на БЕГ е очигледно, иако не е директно

    Контраспин: Субвенционирањето на БЕГ е очигледно, иако не е директно

    Иако не директно, туку преку откупување на електрична енергија произведена од Те-То, фирма мајка на БЕГ, Владата, сепак, ќе ја финансира приватната компанија БЕГ за производство на топлинска енергија. Затоа изјавата на министерот Крешник Бектеши дека Владата не субвенционира приватни компании е спин

    Дискриминација при вработување: Ме одбија за работа поради физичкиот изглед

    Дискриминација при вработување: Ме одбија за работа поради физичкиот изглед

    Дискриминацијата при вработување по основа на род, возраст, етничка припадност, раса, личниот статус, боја на кожата или јазик сè уште опстојува во земјава, нешто што за „Вистиномер“ го тврдат и невладини организации, но и лица кои се соочиле со овој проблем – да не бидат примени на работно место оти не ги исполнувале „физичките критериуми“

    Контраспин: Паркирањето во Тетово беше бесплатно само две недели, а не два месеци

    Контраспин: Паркирањето во Тетово беше бесплатно само две недели, а не два месеци

    Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, зборувајќи за проблемот со паркинзите во интервју за „Газета Лајм“ даде изјава која не соодветствува со реалноста, истото го повтори и на 11 јануари на прес-конференција. Според него, паркирањето било бесплатно околу два месеци, но вистината е поинаква. Паркирањето било бесплатно само две недели, пишува Portalb.mk

    Рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин во завршна фаза

    Рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин во завршна фаза

    ВЕТУВАЊЕ: Рехабилитацијата на патниот правец од Куманово до Страцин се реализира во две фази. Инвестицијата е во вкупна вредност од 13 милиони евра, а предвидена е рехабилитација на делница долга 32 километри. Тоа што е значајно е  значително да ја подобриме безбедноста во сообраќајот на овој државен пат. Денеска (10.02.2021, н.з.) се наоѓаме на трасата од втората фаза на која очекуваме  забрзување на градежните активности за да може комплетно да бида завршена  оваа траса во текот на оваа година. Во однос на првата фаза од Куманово до село Војник, веќе имаме избрано фирма изведувач, а во фаза на избор е надзорот и очекуваме во месец март да започне рехабилитација и на оваа делница, така што ќе бидеме уште едем чекор поблиску до модернизација на овој Коридор 8,  вети  во февруари минатата година, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. [Извор:Веб-страница на Владата – изјава на Благој Бочварски (01:24-02:17 минута од видеото); Датум: 02.2021]

    Општина Капрош издвои 4 милиони денари за субвенции за возачка дозвола за младите карпошани

    Општина Капрош издвои 4 милиони денари за субвенции за возачка дозвола за младите карпошани

    ВЕТУВАЊЕ: Обуката и полагањето за возачка дозвола претставува сериозно оптоварување на буџетот на секое семејство. За младите да положат за возачка дозвола се вклучуваат и дедовци и баби и од тие причини Општина Карпош ќе донесе одлука да даде поддршка да ги покрие трошоците за обука и за полагање на сите млади луѓе кои ќе наполнат 18 години вклучувајќи ја и оваа 2021 година, најави градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во својата предизборна кампања.

    Агенцијата за управување со одземен имот функционира со половичен капацитет

    Агенцијата за управување со одземен имот функционира со половичен капацитет

    Во Агенцијата работат 45 луѓе од кои половина се чувари. Според систематизацијата таму треба да има 75 вработени. Илјадници возила чекаат пресуди од судовите. Вредноста на одземениот имот е индикатор за (не)функционирањето на системот за борба против корупцијата

    Наместо стандардизирано депонирање на отпад, во полошко со децении се создаваат диви депонии

    Наместо стандардизирано депонирање на отпад, во полошко со децении се создаваат диви депонии

    Во последниот Извештај на Европската комисија, во Поглавјето 27 – делот за управување со отпад, меѓу другото стои дека слабите административни капацитети, ниската примена и ограничената меѓусекторска соработка остануваат главна пречка за напредок во овој сектор. Воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпад и понатаму се соочува со одложувања, а нестандардните и дивите депонии претставуваат важен проблем за животната средина, се наведува во Извештајот

    Не е доволно само да се вратите во Хрватска за да добиете 26.000 евра

    Не е доволно само да се вратите во Хрватска за да добиете 26.000 евра

    Насловот што се споделува во постот на Фејсбук креира погрешна слика дека единствениот услов за добивање на финансиска стимулација е некој да се врати во Хрватска. Што не е точно. Хрватската влада неодамна предложи нови демографски мерки наречени „Ја избирам Хрватска“. Со нив се предвидува стимулација од 200 илјади куни или околу 26 илјади евра за повратниците од ЕУ. Се работи за поттикнување на самовработувањето во износ од 20 илјади евра, зависно од индустријата и дополнителни 7 илјади евра ако некој се враќа од ЕУ за преселба. Со оваа мерка, хрватската влада сака да ги поттикне оние кои се преселиле во други европски земји да најдат мотив да се вратат во Хрватска. Меѓутоа, како што може да се види и од самото соопштение на хрватската влада, има огромен број на услови за да се добие финансиската поддршка

    Технички неопремени, корупционерите рачно бројат кој функционер не поднел пријава за имотна состојба

    Технички неопремени, корупционерите рачно бројат кој функционер не поднел пријава за имотна состојба

    Жилава или килава борба против корупцијата. Владата неколку години ветува набавка на софтвер во ДКСК, но, тој до денес не е набавен. Недостасува и вмрежувањето со базите на 23 институции од каде може да се користат податоци и документи. Покрај тоа, Комисијата функционира со половина од предвидените кадри

    Европската унија обезбедува значителни права за потрошувачите – треба само да ги знаеме

    Европската унија обезбедува значителни права за потрошувачите – треба само да ги знаеме

    Иако Северна Македонија го чека датумот за почеток на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ), земјата заостанува во имплементацијата на едно основно право поставено од ЕУ. Институциите не ја вршат својата работа во спроведувањето на правото на заштита и безбедност на потрошувачите. Заштитата на потрошувачите е заштита на сите луѓе, тоа значи заштита на здравјето, парите и потребите на секој граѓанин, пишува Portalb.mk

    Вратени се во сообраќај ноќните линии на ЈСП

    Вратени се во сообраќај ноќните линии на ЈСП

    Ветување: Во првите 82 дена од мојот мандат преку програмата за модерно Скопје со сите 15+1 проекти и мојот 82 акционен план ќе ги исчистиме дивите депонии во градот. Ќе го промениме линискиот ред на градскиот сообраќај, а редовни ноќни линии ќе бидат воведени, посебно за време на викендот, изјави Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје во својата предизборна кампања. 

    Локалните инспекциски служби со бројни проблеми и сѐ уште под влијание на општинските власти

    Локалните инспекциски служби со бројни проблеми и сѐ уште под влијание на општинските власти

    Локалните инспеции немаат доволно кадар и ресурси, често се изложени на закани и напади, а законските недоследности им ја отежнуваат и онака нефункционалната работа. Новиот Закон за инспекциски надзор делумно ја подобрува состојбата, но потребни се темелни реформи за ефикасни и независни служби на локално ниво. Едно од предложените решенијата е и регионализација на локалните инспекторати или формирање независна национална агенција за инспекциски надзор во општините