×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општинската зграда во Бутел не е пренаменета во поликлиника

    Општинската зграда во Бутел не е пренаменета во поликлиника

    ВЕТУВАЊЕ: Врвен приоритет ќе ни биде изградба на нова модерна поликлиника во нашата општина. Но сè дотогаш, додека не се изгради новата поликлиника, уште во првиот месец откако ќе ја добијам вашата доверба и станам градоначалник на општина Бутел, ќе ја понудам општинската зграда да биде достојна  поликлиника за моите пријатели, познаници, за моите бутелчани. Јас лично и мојот тим ќе се откажеме од комодитетот само за да излажаните и понижени граѓани на општина Бутел се почувствуваат достоинствено и конечно добијат нова модерна зграда за своја поликлиника. Место каде конечно на современ модерен начин ќе се грижат за своето но и за здравјето на своите најмили. Не ми треба нова општинска зграда кога граѓаните нема каде да се грижат за најважното, за своето здравје. Општинската администрација ќе се префрли на некое поскромно место. Имаме во план неколку солуции но уште не сме донеле одлука.  

    Веќе четири години како се гради експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

    Веќе четири години како се гради експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

    Ветувањето за изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е во тек на реализација. Овој патен правец, како дел од Паневропскиот коридор 8, се наоѓа меѓу стратешките приоритети и  високо нa агендата во многу изборни пограми на политичките партии и на досегашните влади, но неговата изградба постојано се пролонгираше. Договорот за заемот од Светска банка за изградба на овој експресен пат, во висина од 83 милиони евра беше потпишан уште во октомври 2015 година од страна на  тогашниот  министер за финансии и вицепремиер Зоран  Ставрески. Тогаш беше најавено дека патот ќе започне да се гради во 2016 година и ќе се заврши за три години, односно до 2019 година. Но, тоа не се случи, стартот на работите започна дури по смената на власта, поточно во јуни 2018 година. А, откако кога конечно започна да се гради овој експресен пат, првичните проекции на Владата предводена од СДСМ беа дека ќе биде завршен во 2021 година. Но и овие прогнози не се остварија, па рокот за реализација е продолжен до 2023 година, а досега се завршени над 70 отсто од работите на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

    Реформи во правосудството: Обвинителството понетранспарентно од судството

    Реформи во правосудството: Обвинителството понетранспарентно од судството

    Судовите, иако неекипирани со професионално вработени лица за односи со јавноста, имаат релативно добра соработка во однос на тековни судски постапки, предмети до судовите и слично. Но, голем проблем претставува затвореноста на судскиот портал, односно тешкото пребарување на одлуките на судовите за различни кривични дела во постапките. Јавното обвинителство отсекогаш било за степен позатворено од судството, пред сѐ, имајќи ги предвид уставната и законската поставеност на обвинителството во општеството и принципот на субординација на институцијата, но и ограничувачките факти од аспект на ЗКП за предистрагите и истрагите што ги водат обвинителите, се посочува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во правосудството под наслов: „На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза“

    Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува за работата на ДКСК и за индексот на перцепција на корупцијата

    Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува за работата на ДКСК и за индексот на перцепција на корупцијата

    Тврдењето дека Антикорупциска комисија работи по инструкции на СДСМ е тенденциозно и неосновно, а тоа се гледа по предметите коишто ги имаат отворено. Само изминатата година ДКСК, меѓу другото, отворила предмет за Драги Рашковски кој беше Генерален секретар на Владата, за поранешниот функционер на СДСМ, Рубинчо Заревски кој добил грант од Фондот за иновации, потоа за лицата кои учествувале во донесувањето на Деталниот урбанистички план за „Холидеј ин“, како и прекршочни глоби за 710 поранешни функционери кои не поднеле анкетен лист. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ ја спинува вистината кога вели дека Северна Македонија е на дното по индексот на корупцијата. Според последниот индекс за перцепција на корупцијата, објавен од страна на Транспаренси интернешнл, Северна Македонија „рипна“ за 24 места и се наоѓа на 87 место на листа од 180 земји, додека лани бевме на 111 место

    Не е точно дека изминатите денови имало намалување на бројот на новоинфицирани со ковид-19

    Не е точно дека изминатите денови имало намалување на бројот на новоинфицирани со ковид-19

    Наспроти тврдењето на министерот за здравство, Беким Сали, податоците на Институтот за јавно здравје говорат дека бројот на заразени со коронаврирусот на дневна основа е висок и дека засега нема абер од  негово намалување. Исто така, Комисијата за заразни болести минатата недела донесе Одлука, според која сите асимптоматски случаи со ковид-19 во изолација ќе седат седум, наместо досегашните десет дена. Со ваквата Одлука, Министерството за здравство и ИЈЗ во само еден ден, административно од системот Мој термин избришаа како негативни и оздравени над 7 илјади лица, затоа што на овие пациенти им истече седмиот ден од изолацијата. Па, така бројката на активни случаи падна на 16.442, арно ама утредента, по новите тестови се искачи на 17.182. Освен тоа, на 26 јануари 2022 година, Министерството за здравство информираше дека има зголемен број на граѓани кои бараат хоспитализација, поради што беа реотворени дополнителни болнички капацитети во ковид центрите кои порано беа во функција

    Контраспин: Генерализацијата дека сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се разочарување, е спин

    Контраспин: Генерализацијата дека сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се разочарување, е спин

    Генерален став за 42- ца градоначалници дека биле разочарување, преку бегло споменување на четворица – петорица, е спин. За да се изгради генерална оценка потребна е оценка за секој градоначалник одделно. Сè друго е извртување на вистината

    Судството и обвинителството со скромни буџети

    Судството и обвинителството со скромни буџети

    Експертите го оценуваат буџетирањето на судството и обвинителството како еден од најважните елементи во постигнувањето ефективна независност во областите. Според законските прописи, државата е главен извор на приходи и во судството и во обвинителството и тоа главно преку буџетот на државата, дел се обезбедува и од сопствени средства, а дел и преку грантови од меѓународни донатори, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во правосудството под наслов: „На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза“

    Судството независно, ама само на хартија

    Судството независно, ама само на хартија

    Иако се создадени законски предуслови за обезбедување независност на судството, сепак во пракса тоа тешко се спроведува. Анализата направена од Коалицијата „Сите за правично судење“, покажува  дека и покрај сите измени на законите во работењето на Судскиот совет, сѐ уште можат да се најдат слабости што ја доведуваат во прашање независноста во судството, особено при постапките за избор на нови судии или претседатели на судови, но и при разрешување на судиите или примена на дисциплинските мерки, се вели во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во правосудството под наслов: „На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза“

    Во РСМ има реални показатели за ризици од терористички активности

    Во РСМ има реални показатели за ризици од терористички активности

    Во Извештајот за напредокот од ЕК се истакнува дека Северна Македонија треба да направи повеќе во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам. Извештајот бара до 2022 година земјата да ги исполни сите препораки на Европската комисија. А пак, експертот за безбедносни прашања Адриан Штуни оценува дека Северна Македонија и понатаму е ранлива на тероризам и насилен екстремизам. Земјата има реални показатели кои ја докажуваат опасноста од терористички активности, пишува Порталб.мк

    Контраспин: Северна Македонија не е меѓу најкорумпираните земји во светот

    Контраспин: Северна Македонија не е меѓу најкорумпираните земји во светот

    Партијата Алијанса за Албанците спинува дека според Транспаренси Интернешнл, Северна Македонија е една од најкорупираните земји во светот. Наспроти ова тврдење, во последниот Извештај на оваа организација јасно пишува дека според Индексот на перцепција на корупцијата, земјата се наоѓа на 87 место на листа од вкупно 180 држави. Со добиени 39 поени од можни 100, Северна Македонија има скок од 24 места во однос на минатата година. Партијата, исто така, изнесува и неточни наводи дека за „рангирањето на земјата придонеле издадените пасоши за светските криминалци, ослободувањето на локалните криминалци и затворањето на невини граѓани“,  иако ова  воопшто не се споменува во Извештајот на Транспаренси Интернешнл

    Индекс за перцепција на корупцијата: Напредок има, но простор за големо задоволство нема

    Индекс за перцепција на корупцијата: Напредок има, но простор за големо задоволство нема

    Со 39 идексни поени Северна Македонија е рангирана на 87 место од 180 држави, на најновата листа на Транспаренси интернешнл за перцепција на корупцијата (ИПК). И покрај напредокот, состојбата е далеку од совршена. Претседателката на Транспаренси интеренешнл, Слаѓана Тасева  вели дека треба уште многу да се работи за надминување на долгогодишниот проблем со корупцијата. Како најнеопходна и најитна ја посочува судската реформа, затоа што во тој дел – во тие индекси, сè уште не покажуваме напредок

    Миле Зечевиќ на Водици воопшто не бил тестиран за ковид-19

    Миле Зечевиќ на Водици воопшто не бил тестиран за ковид-19

    Генералниот секретар на СДСМ, Зечевиќ, на 19 јануари присуствувал на церемонијата на фрлање на светиот крст во Охридското Езеро, по повод големиот христијански празник Богојавление Водици. Но, тој ден Зечевиќ немал симптоми и воопшто не бил тестиран. ПЦР тест направил на 20 јануари и резултатот бил позитивен. Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, доктор Ирина Сотирова Бухова, изјави дека Зечевиќ не е во системот на тестирани лица на 19 јануари, напоменувајќи дека според Законот, самоизолацијата следува од моментот на тестирањето

    Половина од предизвикувачите на сообраќајки со жртви добиваат условни казни

    Половина од предизвикувачите на сообраќајки со жртви добиваат условни казни

    Од вкупно донесени 69 пресуди за сообраќајни незгоди со смртен исход, во 35 на лицето што ја предизвикало сообраќајката му била изречена условна пресуда, говорат податоците од Основниот кривичен суд за периодот од 2017 до крајот на 2021 година. Во само три случаи била изречена казна од четири години затвор

    Стратешка рамка за реформи во правосудството

    Стратешка рамка за реформи во правосудството

    Стратешката рамка, законите и имплементацијата се трите клучни столба за реформите во правосудството, пред сѐ, на судството и обвинителството, од аспект на евроинтеграциските промени. Додека кај првите два столба има релативно задоволителна оценка, имплементацијата на реформите во правосудството е елементoт на кој му е потребна реформска „бустер“доза, во сите области. Сите показатели укажуваат дека оваа „бустер“ доза треба да биде, пред сѐ, финансиска, т.е. повеќе пари од буџетот заради спроведување на реформите, се посочува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во правосудството под наслов: „На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза“

    Се формира 24 часовна служба за брза реакција на повик на скопјани

    Се формира 24 часовна служба за брза реакција на повик на скопјани

    ВЕТУВАЊЕ: Во првите 82 дена за граѓаните ќе биде воведена 24 часовна канцелариска служба и служба за брза реакција на нивен повик. Следно е отворање на телефонска линија за барања и помош на граѓаните.  [Извор: Канал 5; Датум: 15.10.2021 г.]

    Триесет деца со церебрална парализа во Охрид живеат во изолација, државата молчи

    Триесет деца со церебрална парализа во Охрид живеат во изолација, државата молчи

    Децата со церебрална парализа во Охрид  во потполна изолација. Немаат дневен центар за згрижување, нега и анимација. Родителите се жалат, велат нивните деца се диксриминирни и исклучени од општеството