×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Управата за водење санкции со скромен буџет

    Управата за водење санкции со скромен буџет

    Буџетот на Управата за водење санкции бавно и по малку расте од година во година, но расте и бројот на вработените. Со Ребалансот на буџетот што е во Собрание, буџетот на ова тело е зголемен за само 6 милиони денари, па сега изнесува 1,046 милијарда денари, а вкупно со приходи од самофинансирачки дејности и со заем од 116 милиони денари изнесува вкупно 1,201 милијарда денари или околу 19,5 милиони евра, се наведува во најновиот Извештај на  „Метаморфозис“ под наслов „Основни права – Рамка има, имплементацијата варира, секаде се потребни повеќе пари“

    Затворите сè уште со лоши и нехигиенски услови

    Затворите сè уште со лоши и нехигиенски услови

    Еден од големите проблеми со остварувањето на фундаменталните права во РСМ се правата на лицата што престојуваат во казнено-поправните установи. Оваа лоша состојба со години се констатира и од медиумите и од Канцеларијата на Народниот правобранител(НП), од страна на невладините организации што се занимаваат со ова прашање, како на пример Хелсиншкиот комитет, но и во Извештајот на ЕК за РСМ за 2021, во Извештајот на американскиот Стејт департмент за почитување на човековите права, во извештаите на Советот на Европа за Северна Македонија и на Комитетот на Советот на Европа (СЕ) за спречување тортура. Ова меѓу другото се  наведува во најновиот Извештај на  „Метаморфозис“ под наслов „Основни права – Рамка има, имплементацијата варира, секаде се потребни повеќе пари“

    Родовата застапеност и насилството врз жените, се уште предизвик за РСМ

    Родовата застапеност и насилството врз жените, се уште предизвик за РСМ

    Во насока на спроведување на Истанбулската конвенција, РСМ од 2013 година има стратегии за родова еднаквост, а најновата Стратегија 2021-2026 е во Собранието од август 2021 година, долго време во фаза на второ читање, иако министерката за труд и социјална политика уште во декември 2021 г. ја претстави пред матичната комисија во Собранието. Постои и Акциски план 2018-2023, а пробив во позитивна насока е направен лани, кога прв пат е донесен Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство во 2019 г. Но, во имплементацијата има проблеми што произлегуваат од немање на одредени центри за заштита, а најмногу поради поголемите финансии што се неопходни за оваа намена

    Министерот Спасовски не може да бара притвор за осомничени или обвинети лица

    Министерот Спасовски не може да бара притвор за осомничени или обвинети лица

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјавата вели дека „МВР бара притвор бидејќи се исполнети условите за такво барање“, а во врска со подметнатиот пожар пред влезната врата на културниот центар „Ванчо Михајлов“. Министерството не е институција која може да бара притвор за одредено осомничено лице. МВР единствено може да поднесе кривична пријава до обвинителството и тука завршува неговата надлежност. Понатаму, случајот го презема обвинителството, а крајната одлука ја носи судот

    Пописот откри колку луѓе со попреченост живеат во општините, на ред се градоначалниците да им обезбедат услови

    Пописот откри колку луѓе со попреченост живеат во општините, на ред се градоначалниците да им обезбедат услови

    На возраст од 0 до 14 години во државата има 1.674 деца со попреченост, 43.5 отсто се луѓе на возраст од 15 до 64 години, а 54.8 отсто се на возраст од над 65 години. На пописот, 38.499 луѓе се изјасниле дека имаат проблем со движењето, 12.371 рекле дека имаат проблеми со видот, 5.947 со слухот, 3.896 со комуникацијата, а дури 33.699 луѓе се изјасниле дека имаат други потешкотии. Бројката на лица со попреченост во државата воопшто не е ниска, а иако земјава во 2019 година усвои нови услуги за нив, сепак тоа не ја намалува дискриминацијата на оваа ранлива категорија граѓани. Она што ЕК го забележа во извештајот за 2021 година е дека оваа категорија граѓани и понатаму се соочува со дискриминација, недостаток на инфраструктура, информации и услуги

    По трендот на опаѓање, се зголемува бројот на претставки кај Народниот правобранител

    По трендот на опаѓање, се зголемува бројот на претставки кај Народниот правобранител

    Бројот на претставки кај НП и во 2022 има благ тренд на пораст, а според Народниот правобранител Насер Зибери граѓаните и натаму се жалат на истите области: на правосудството, во делот на извршувањето и работата на извршителите, полициските овластувања, безбедносниот сектор, состојбата во затворите, состојбата со правата на децата, особено во поглед на образованието, и за прв пат во 2022 г. и претставки од областа на правата поврзани со домувањето

    Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја освои довербата од јавноста

    Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја освои довербата од јавноста

    Оваа стара институција, но од лани со нов состав и работејќи по нов основен закон, за само година и половина формално функционирање на новиот состав веќе ја освои довербата од јавноста, ценејќи според претставките и решените предмети. Останува да ја (до)освои довербата од извршната, законодавната и судската власт, за да може во целост да се видат и ефектите од нејзиното функционирање во практика, односно да се превенира дискриминацијата на сите нивоа

    Имплементација на прописите за фундаменталните права, слаба страна на реформите

    Имплементација на прописите за фундаменталните права, слаба страна на реформите

    Она што може да се извлече како основен заклучок во однос на стратегиите и законите, дефинитивно, за сите области, не само за фундаменталните права, е дека имплементацијата на прописите и документите се одвива со различна динамика. Некаде подобро, некаде полошо или послабо, а некаде, како на пример на заштита на правата на ранливите и маргинилизираните групи, дури и кога ќе се стигне до висок степен на напредок, работите се враќаат назад, се посочува во најновиот Извештај на  „Метаморфозис“ под наслов „Основни права – Рамка има, имплементацијата варира, секаде се потребни повеќе пари“

    Пет милиони евра се одлеале од институциите за склучување авторски договори во последниве 4 години

    Пет милиони евра се одлеале од институциите за склучување авторски договори во последниве 4 години

    Генералниот секретаријат на Владата исплатил најмалку 2,4 милиони евра, од 2017 година, до крајот на 2021 година за авторски договори. Парите им се исплатувале на лица за да присуствуваат на владини седници и да креираат записници, да учествуваат на состаноци, да креираат содржини за веб-страницата или да даваат редовни консултации. Антикорупциската комисија смета дека е прекршен законот, односно за ангажманите на голем дел од овие лица не требало да важи Законот за авторско право, односно нивните активности не требало да влезат во доменот на „авторски дела“

    Ќе се забрза ли процесот на е-услугите ?

    Ќе се забрза ли процесот на е-услугите ?

    Преку платформата за интероперабилност веќе се поврзани судовите со МВР, Јавното обвинителство, Царинската управа, Централниот регистер, ДИК, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, ДКСК и МНАВ – Агенцијата за цивилно воздухопловство. На Платформата за интероперабилност се приклучени 39 институции, со тенденција да се приклучат уште 15 институции. Ова, меѓу другото,  се вели во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација насловен како: „Администрирањето“ со администрацијата – клучен предуслов за реформите, во кој се прави пресек на состојбата со реформскиот процес од 2021 година, заклучно со 31 март 2022 година

    Процесот на дигитални административни услуги споро се придвижува

    Процесот на дигитални административни услуги споро се придвижува

    Иако, процесот на е-услуги е започнат пред години, напредокот е скромен, до умерен. На почетокот на минатата година имало околу 150 целосно овозможени електронски услуги, додека во моментот кога е пишуван овој материјал има 184 такви услуги од над 1.300 според каталог и над 800 што се определни од државата да бидат ставени на владиниот портал. Ова, меѓу другото,  се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација насловен како: „Администрирањето“ со администрацијата – клучен предуслов за реформите, во кој се прави пресек на состојбата со реформскиот процес од 2021 година, заклучно со 31 март 2022 година

    Како до поефикасни услуги на администрацијата?

    Како до поефикасни услуги на администрацијата?

    Еден од елементите на добра, реформирана администрација прифатен од ОЕЦД и ЕУ е и прашањето за испораките на услугите кон граѓаните и правните лица, бизнисот, т.е. изградба на администрација насочена кон потребите на граѓаните, што ќе нуди лесно достапни услуги. Ова, меѓу другото,  се посочува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација насловен како: „Администрирањето“ со администрацијата – клучен предуслов за реформите, во кој се прави пресек на состојбата со реформскиот процес од 2021 година, заклучно со 31 март 2022 година

    Институционалната небрежност за лицата со посебни потреби во РСМ критикувана и од ЕУ

    Институционалната небрежност за лицата со посебни потреби во РСМ критикувана и од ЕУ

    Голем број лица со посебни потреби, од различни категории, поради немање елементарни услови за живот, се невидливи во општеството на Северна Македонија. Во Струга правата на сите категории граѓани не се почитуваат подеднакво. Всушност, дискриминацијата на лицата со посебни потреби е проблем на национално ниво и поради оваа причина Северна Македонија беше критикувана во Извештајот за напредокот објавен од Европската комисија, пишува Порталб.мк

    Основни права: Закони има, тешко се спроведуваат

    Основни права: Закони има, тешко се спроведуваат

    Стратешката и законската рамка во однос на заштита на основните права на човекот во РСМ останува на задоволително ниво. РСМ е потписник на повеќето меѓународни документи во оваа област и тие конвенции и договори се ратификувани во Собранието, со што може да се констатира дека се дел од домашното право, по сила на ратификацијата, а потоа и преку посебни законски решенија. Сепак, постојано се укажува потреба од носење законски измени на одредени закони за кои праксата покажала дека имаат слабости, а таа измена не ретко доцни од различни причини – некогаш кај извршната, некогаш кај законодавната власт. Ова се  наведува во најновиот Извештај на  „Метаморфозис“ под наслов „Основни права – Рамка има, имплементацијата варира, секаде се потребни повеќе пари“

    ЕУ ја критикува РСМ, институциите треба да прават повеќе за заштита на децата

    ЕУ ја критикува РСМ, институциите треба да прават повеќе за заштита на децата

    Кога станува збор за почитување на правата на децата, теоретски Северна Македонија има добра правна рамка дизајнирана според меѓународните стандарди, меѓутоа заостанува со имплементацијата во пракса. Експертите и невладините организации оценуваат дека државните институции треба да прават многу повеќе на овој план. Нашата земја, во Извештајот за напредокот објавен од Европската комисија, беше остро критикувана во врска со почитување на правата на децата, пишува Порталб.мк

    Open Data Conference: Јавниот интерес тежи на страната на правото за информирање, наспроти правото на приватност

    Open Data Conference: Јавниот интерес тежи на страната на правото за информирање, наспроти правото на приватност

    Јавниот интерес ја воспоставува рамнотежата помеѓу основните човекови права и слободата на изразување/информирање и приватност. Доколку јавниот интерес преовладува над приватниот интерес, податоци и информации може да се обелоденат, без разлика дали тие претставуваат повреда на правата на приватност на одреден поединец или група. Ова, меѓу другото, беше речено на панелот „Етика и анонимизација на податоците“, на вториот ден од Меѓународната конференција на Фондацијата Метаморфозис на тема „Податоците и културата на отвореност“. Панелистите ја истакнаа важноста од подигање на културата и обврската на институциите за транспарентност и отчетност, со цел да се реализира правото на граѓаните за информирање на соодветен начин, пишува Порталб.мк.