Контраспин: Пензиите не треба да бидат ничија пропагандна желботека, па и на ВМРО-ДПМНЕ
Дали, од кога и колку може да бидат зголемени пензиите, за кои категории пензионери, според кое законско решение и како при сето тоа да се одржи фискална стабилност, а во исто време и стабилноста на самиот Фонд за редовна исплата на обврските кон пензионерите, потребна е сериозна анализа, јавна расправа, консултации, а не гола пропагандна реторика и спинување од типот ВМРО-ДПМНЕ мисли на пензионерите, а СДСМ и ДУИ не ги есапат. Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ не кажува дека станува збор за огромна сума пари – според нашата пресметка над 87 милиони евра, а исто така, не кажува ниту од каде би се обезбедиле и кои би биле последиците