Книга „Чувари на прозорци“ - посветена на кривопаланечката чаршија и куќите од кал во Индија Преку испреплетени приказни за Старата кривопаланечка чаршија и куќите од кал во хималајското село Џангал Бери во Индија, сместени во книгата„ Чувари на прозорци“ , која беше промовирана вчера во Крива Паланка, се доловуваат две различни култури, но и блиските социјални предизвици во зачувувањето на културното наследство во двете далечни земји.
Паланчанец фрлил молотов коктел пред домот на бившата сопруга Жител на Крива Паланка предизвикал експлозија откако фрлил запалива течност пред домот на неговата сопруга од која се разведувал.
„Невестинско поклонение“ по 13-пат ќе се одржи во кривопаланечкото село Конопница Невестата од Галичка свадба 2022, заедно со нејзината свекрва, ќе учествуваат на 13-та традиционална културна манифестација „Невестинско поклонение“, која ќе се одржи на 5 март 2023 година пред црквата „Свети Теодор Тирон“ во кривопаланечкото село Конопница.
Крива Паланка ќе донира 100 илјади денари за настраданото население во Турција и Сирија На вонредна седница Советот на Општина Крива Паланка донесе еногласна одлука за доделување на парична помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Општина Крива Паланка ќе ги субвенцира младите кои ќе купат велосипед Општина Крива Паланка ќе им надомести дел од трошоците на младите кои годинава ќе купат велосипед, со цел да ги стимулира да го користат ова превозно средство и да придонесат за почиста животна средина.
И Општина Кратово со донација за погоденото население во Турција На предлог на градоначалникот Тодорче Николовски, Советот на Oпштина Кратово усвои одлука за одобрување на финансиска помош од општинскиот за погоденото население од земјотресите во Турција и Сирија.
По 10 години ова лето ќе проработи Градскиот базен во Крива Паланка Градскиот базен во Крива Паланка повторно ќе биде ставен во функција по пауза од 10 години.
Изложба „Стаклена соба - Погрешни информации и манипулации на интернет“ во Europe House Крива Паланка По повод Денот на безбеден интернет- 7 февруари, утре во 13:00 часот во Europe House Крива Паланка ќе биде отворена изложбата „Стаклена соба: Погрешни информации и манипулации на интернет“, во организација на Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми.
Кривопаланчанецот што го фати крстот ја подари наградата на детенце со посебни потреби Иван Ѓоргиевски од Крива Паланка , кој го фати светиот крст во водите на Крива Река за празникот Водици, ја подари наградата што ја доби од општината на мало детенце со посебни потреби.
Најголема пивтија и најголем зелник за Водици во Крива Паланка Огромна пивтија приготвена на традиционален кривопаланечки начин и зелник со пречник од 1,5 метри беа главната атракција на денешната свеченост во Крива Паланка, по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, која се одржа на Градскиот плоштад.
Пакети со храна за ранливи семејства во Куманово, Липково и Нагоричане Над 100 пакети со храна подели Црвен Крст Куманово на семејства кои се наоѓаат во тешка матерјална положба во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Во Крива Паланка Дедо Мраз ќе пристигне со хеликоптер Дедо Мраз годинава во Крива Паланка ќе пристигне со хеликоптер.
Крива Паланка ќе добие Центар за дневен престој за лица со активно стреење Во просториите на Црвениот крст од Крива Паланка ќе биде отворен Центар за дневен престој за лица со активно стреење, прв од ваков вид во општината.
Владата инвестира близу милион евра за изградба и реконструкција на локални патишта во Липково Владата во општина Липково инвестирала близу 1 милион евра за изградба и реконструкција на локални патишта.
Крива Паланка подготви буџет во консултација со граѓаните, прифатени 68% од граѓанските предлози Општина Крива Паланка го креираше буџетот за 2023 година со широко партиципативно учество на граѓаните , кои активно беа вклучени во подготвувањето на оперативните програми за идната година. Буџетот , освен што е граѓански, ќе биде и родово одговорен со индикатори за родова застапеност во сите општински програми.
Крива Паланка и оваа година како од бајка - богато новогодишно украсена Крива Паланка од вчера има раскошно украсен Градски плоштад, Градски парк и централно подрачје, со безброј атрактивни новогодишни украси, а на предновогодишната магија најмногу се радуваат најмладите.