Со средства од Општината ќе се реконструира водоводната мрежа во Младо Нагоричане Во селото Младо Нагоричане започна реконструкција на воводната мрежа. Проектот го финансира Општина Старо Нагоричане во висина од 1.3 милиони денари, а изведувач на работите е Јавното комунално претпријатие „Козјак“.
Изложбата „Јас и моите пријатели“ од Мики Трендафиловски во Крива Паланка Во галерискиот простор на НУ Центар за култура од Крива Паланка денеска беше отворена изложбата „Јас и моите пријатели“ од реномираниот кумановски сликар Мики Трендафиловски.
Започна проширување и тампонирање на патот кон манастирот Карпино Започнаа градежните работи за поправка, проширување и тампонирање на патот до манастирскиот комплекс Карпино во Сув Ора, Општина Старо Нагоричане. Санацијата ќе биде во должина од 2.400 метри, а се очекува да заврши во наредни десетина дена, иако договорот предвидува да се предаде во употреба на 30 ноември.
Караванско возење по Кумaновско-козјачкиот регион за „11 Октомври“ Еднодневно караванско возење низ Кумановско-козјачкиот регион, организира Офроад Куманово, по повод празникот „11 Октомври“.
Жители од Липково нелегално превезувале огревно дрво Жители од Липковско се откриени при нелегален транспорт на огревно дрво од страна на полициски службеници, вчера во 19.00 часот.
Се запали Градската депонија во Крива Паланка, чад и смрдеа се шират низ градот Во раните утрински часови запалена е Градската депонија во Крива Паланка , лоцирана во селото Конопница, а чад и смрдеа се шират низ градот.
МВР на состанок со ловџиите од Кривопаланечко, заради безбедна ловна сезона Во пресрет на почетокот на ловната сезона 2023/24 во Крива Паланка полициски службеници од полициските станици Деве Баир и Крива Паланка, одржаа работна средба со членови на ловното друштво „Осогово“, која што беше фокусирана на соработката и заедничките превентивни мерки за почитување на законите од оваа област и безбедно одвивање на сезоната.
Отворен кабинет со министерот Спасовски утре во Крива Паланка Утре, во 9,30 часот започнува „Отворениот кабинет” на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во ОВР Крива Паланка.
Во недела по 15-ти пат ќе се одржат Бајловски средби Во селото Бајловце, Општина Старо Нагоричане, во недела ќе се одржат 15-тите по ред Бајловски средби во организација на Здружението „Козјачија во срцето“.
15-ти Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, лауреат - актерката Билјана Драгичевиќ Пројкоска Од 28 септември до 7 октомври годинава ќе се одржи 15-то јубилејно издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, кој ги собира театарските остварувања од Балканот и регионот.
Дистрибуирани училишна опрема - донација од Europ’Raid од Францијa за младите франкофони од Крива Паланка Околу 1,6 тони донирана опрема од екипите на авантуристичката турнеја Europ’Raid од Франција распределени се на учениците од ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка на почетокот на новата учебна година.
Пуштен во употреба локалниот пат Челопек - Коинце, вреден 4,8 милиони денари Пуштен е во употреба локалниот пат Челопек - Коинце, во должина од 1,1 километар. Средствата за асфалтирање на патот во висина од 4,8 милиони денари се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој, а проектот се имплементира преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион.
Липково прва општина целосно покриена со смарт броила Липково ќе биде првата општина во земјава која ќе биде целосно покриена со смарт броила за електрична енергија.
Отворен Дневен центар за стари лица во Крива Паланка Модерен и современ дневен центар за стари лица денеска свечено беше пуштен во употреба во Крива Паланка, во рамките на прославата за Голема Богородица и патрониот празник на градот „Св. Јоаким Осоговски“.
Денеска се прославува Голема Богородица, утре македонскиот и српскиот патријарх со заедничка служба во чест на „Св. Јоаким Осоговски“ Во манастирскиот комплекс "Св. Јоаким Осоговски" кај Крива Паланка почна чествувањето на големи христијански празници, Успение на Пресвета Богородица и 29 август - Денот на патронот на Осоговскиот светец.
18-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка Синоќа, на Градскиот плоштад во Крива Паланка се одржа првата фестивалска вечер на 18-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“.