Хуманитарно сликање со Дедо Мраз
30.12.2013 15:08
| KumanovoNews
Хуманитарно сликање со Дедо Мраз денеска се оддржа на Градскиот плоштад во организација на Црвен Крст Куманово.

Граѓаните за симболична сума се сликаа со Дедо Мраз, а собраните средства ќе бидат наменети за интернатот во с.Драгоманце.
Акцијата е доста успешна. Се сликаа над 20 деца. Продадени се над 100 новогодишни честитки. Собрани се доволен број на средства за децата во Драгоманце. Ќе ги посетиме, ќе ни кажат што им треба и со собраните пари ќе се обидеме да им помогнеме - вели Филип Кузмановски, волонтер во Црвен Крст.
Овие активности се дел од проектот за промоција на хумани вредности.