×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Oколу 900 апликации од 80 општини стигнале на вториот владин повик за инфраструктурни проекти

    02.05.2025 15:38 | KumanovoNews

    Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на инфраструктурни проекти од вториот повик на Владата, за кој се предвидени 250 милиони евра. 

    Oколу 900 апликации од 80 општини стигнале на вториот владин повик за инфраструктурни проекти

    „Можам да кажам дека сега имаме близу 900 проекти само од вториот проект. Или кога ќе се соберат од првиот повик заедно, тогаш ќе имаме вкупно 1.200. Тоа се 1.200 градилишта во Македонија. Тоа е историска, би рекол вековна работа. И тоа го правиме за идните генерации, но и за денешните генерации кои што заслужуваат подобри услови за живот“, истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

    Општина Куманово најави дека на вториот владин повик ќе аплицира со единаесет проекти, кои изнесуваат 814 милиони денари. На првиот повик доби 3 проекти, кои чинат 4 милиони евра.

    На првиот повик беа избрани 288 проекти на 80 општини во земјата.