Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на Општинскиот сојуз на спортови Куманово (СССК) Филип Колевски, вели дека кривичната пријава што му ја поднесе МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, е анонимна и неоснована и се темели на муабети, а не на факти. Поради тоа очекува пријавата да биде отфрлена.
„Од она што го прочитав ова е целосно неосновано, верувам дека како неоснована Oбвинителството и ќе ја отрфли пријавата.
Ова е чиста невистина. Се што се работи е во домен на обврските на Општинскито сојуз на спортови Куманово и за се си има документација и прописи. Известен сум дека имаше анонимна пријава, секој може да каже (пријави) што сака, ама не треба таа можност (анонимна пријава) да биде злоупотребена, па вака "кажан муабет" да се уважува. ОССК работи 100% легитимно, законски, транспарентно и ќе продолжи така барем додека сум јас таму претседател. Жал ми е што и во ваков контекст се наведени и именувани 2 клуба кои само се залагаат за спортски успех, а со ова непредметно и неосновано ги се фрла дамка. За работата треба да се гледаат само факти“, изјави Колевски за Кумановоњуз.
Во пријавата стои дека Колевски самоволно доделил 440.000 денари на Ракометен клуб Куманово и 300.000 денари на Фудбалски клуб Студена вода-Доброшане“, без одобрение на од Советот на Општина Куманово.