×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сестрите Стојановски освоија три медали на меѓународен пинг-понг турнир во Лерин

    07.07.2025 17:48 | KumanovoNews

    Сара и Ана Стојановски, членки на Пинг-понг клубот „Крива Паланка“, постигнаа одлични резултати, и освоија една златна и две бронзени медали на Меѓународниот пинг-понг турнир, што се одржа викендов во Лерин, Грција.

    Сестрите Стојановски освоија три медали на меѓународен пинг-понг турнир во Лерин

    Во категоријата до 19 години, Сара Стојановски се избори за бронзен медал, откако беше поразена во полуфиналето по тесен и неизвесен натпревар. Со зрел пристап и борбен дух, таа покажа дека и понатаму ќе биде силен конкурент во младинската категорија.

    Двете сестри настапија во сениорска конкуренција и токму во полуфиналето се соочија една со друга. Ана Стојановски извојува победа во сестринскиот дуел и подоцна го освои првото место, триумфирајќи и во финалето. Сара стигна до бронзен медал, со што ППК „Крива Паланка“ запиша нови три медали на меѓународна сцена.

    Од клубот велат дека се особено горди на настапот на двете млади спортистки, кои со својата посветеност и резултати придонесуваат за афирмација на спортот во Крива Паланка.

    „По два интензивни дена исполнети со напор, труд и неизмерна желба за успех, се враќаме дома со три освоени медали и гордо подигнато знаме. Ова не се само медали – ова се симболи на нашата борба, истрајност, посветеност и љубовта кон тоа што го правиме“, изјави Сара Стојановски по завршување на турнирот.

     На турнирот учествуваа играчи од повеќе држави, а македонските претставници имаа силна поддршка од публиката, вклучувајќи и навивачи од Крива Паланка.

    Успехот на Ана и Сара Стојановски претставува нова страница во приказната на ППК „Крива Паланка“ и мотив за идните генерации млади пингпонгари.

    Никола Митовски