×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во чест на Борјанчо Мицевски, во Крива Паланка се одржа Меморијален турнир во футсал

    16.08.2025 23:01 | KumanovoNews

    Во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка вчера се одржа првиот Меморијален турнир во футсал во чест на поранешниот градоначалник Борјанчо Мицевски.

     

    Во чест на Борјанчо Мицевски, во Крива Паланка се одржа Меморијален турнир во футсал

    Победи екипата на СД-ФАС Кратово, втори беа  ФК Борец Јуниор Велед и трети Буќоше градба.

    Во паузата пред финалниот натпревар беше врачена плакета на семејството на Борјанчо Мицевски како знак на почит и благодарност за неговиот придонес - како градоначалник се залагаше за примена на Законот за младинско учество и младински политики и остави трајно наследство преку поддршката на младите и отворањето на Europe House во Крива Паланка.

    „Горд сум што како член на Локалниот младински совет и еден од организаторите успеавме да го реализираме првиот Меморијален турнир во чест на Борјанчо. Овој настан не е само спортско натпреварување, туку симбол на заедништво и сеќавање. Спортот не зближува и не потсетува на вистинските вредности – другарството, почитта и единството,“ изјави Никола Митовски, член на Локалниот младински совет и еден од организаторите.

    Организаторите најавија дека меморијалниот турнир ќе прерасне во традиција со која секоја година ќе се негува сеќавањето на Борјанчо Мицевски и ќе се промовира спортскиот дух во заедницата.

    Турнирот беше реализиран со поддршка од Општина Крива Паланка.