×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жените го слават 8 март

    08.03.2013 10:53 | KumanovoNews

     Припадничките на понежниот пол во светот, денеска го празнуваат Денот на жената.

    Жените го слават 8 март

    На овој ден, жените се во центарот на вниманието и добиваат подароци, слават во ресторани и организираат осмомартовски патувања.

    Тоа е важен празник и го славам, ама скромно. На ќерка ми, мајка ми, пријателки, сосетки купувам подароци, макар било тоа една салфетка. Порано одев и на прослави во ресторан, но сега финансиите се проблем и седам дома - вели Словенка Димковска, домаќинка.

    Помладите со забелешка дека жените претежно меѓусебе си делат подароци на 8 март.

     Некаде 80 отсто жени на жени даваат подароци, а поретко ќе се најде и некој кавалер. Јас купувам подароци на мајка ми, баба ми, сестра ми. Го почитувам празникот, само еднаш е во годината празникот на жената и секако дека е важен - рече Сања Росевска, волонтер во Црвен Крст Куманово.

    Во 1977 година, Генералното Собрание на ОН усвојува предлог кој налага да се прогласи Ден за прославување на правата на жените. Конвенција на истата тема е одржана и во Копенхаген, Данска во 1980 година. Резултат на овие меѓународни напори е прогласувањето на 8 - ми март како Ден на жената.

    Празникот се појавил во време на голем индустриски напредок, но и големи турбуленции, криза и радикални идеологии. Годините кои претходеле на 1910 - та, ги одбележале силни полови разлики и мал процент на вработени жени во индустриски развиените земји. Оние кои работеле биле вработени во текстилната индустрија, производството и како домашни помошнички. Работеле во многу лоши услови и за многу малку пари. Истовремено, индустријата ја погодила голема криза. Здружувањето на работниците кои не биле дел од синдикатите се нашле во незавидна позиција додека синдикатите станувале се посилни.Во Европа, Велика Британија, Америка и во помал обем и Австралија, жените се позасилено лобирале за своето право на глас. Таа борба како да ги потиснала сите други аспекти од животот на жените и почнале да се чувствуваат револуционерни промени.