Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шампионот Мајами ноќеска успеа да избори победа на гостувањето кај Сан Антонио и да изедначи во победи во финалето на НБА лигата.
Мајами славеше со 109:93 (29:26; 20:23; 32:27 и 28:17). По нерешеното прво полувреме (49:49), во вториот дел гостите предводени од триото Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Крис Бош обезбедија сигурен триумф. Тројца заедно имаа 85 поени и 30 скокови (Џејмс 33 поени – 11 скокови; Крис Бош 20 поени – 13 скокови; Двејн Вејд 32 поена – 6 скокови).
Кај домаќините пет играчи имаа двоцифрен учинок, но само Тим Данкан имаше реализирани 20 поени.
Следниот натпревар се игра повторно во Сан Антонио.