×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не е точно дека бустер дозата од вакцините предизвикува рак и ХИВ

    Не е точно дека бустер дозата од вакцините предизвикува рак и ХИВ

    Вакцините против ковид се испитани и нема линк меѓу нив и зголемена стапка на канцер. Тоа го пишуваат и проверувачите на факти на Ју Ес Еј тудеј. Што се однесува до тврдењето дека ХИВ позитивноста „експлодира” преку мРНК вакцината, проверувачите на факти на Ројтерс, веќе го имаат побиено ова тврдење преку изјави од повеќе медицински експерти

    Еднодневна статистика не може да биде показател за ефикасноста на вакцините

    Еднодневна статистика не може да биде показател за ефикасноста на вакцините

    Еднодневна статистика за 28 починати од кои 17 биле вакцинирани со две дози (не со три), не е релевантна за да се даде генерална оценка дека вакцината не дава заштита од смртност од над 95 проценти. Претседателот на комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, изјави дека комисијата ја анализирала смртноста и анализите упатувале на тоа дека најголем дел од починатите се невакцинирани, нецелосно вакцинирани или примиле две дози пред повеќе од шест месеци

    Нобеловецот Монтање не открил, туку само се сомневал дека коронавирусот потекнува од лабораторија

    Нобеловецот Монтање не открил, туку само се сомневал дека коронавирусот потекнува од лабораторија

    Точно е дека Монтање во април 2020 година изразил сомневање дека коронавирусот протекол од лабораторија. Но, претпоставка и откритие не е исто. Да претпоставува некој дека коронавирусот протекол од лабораторија не може да биде исто со тоа дека некој го открил истото. Американски разузнавачи во својот извештај за потеклото на коронавирусот тврдат дека светот можеби никогаш нема да може да го утврди точното потекло на ковид-19

    Скринингот на учениците се прави со согласност на родителите и со него не се врши геноцид врз децата

    Скринингот на учениците се прави со согласност на родителите и со него не се врши геноцид врз децата

    Како што соопштија здравствените власти, скринингот ќе се спроведува исклучително со согласност од родителите. Таква согласност беше испратена до сите родители и само оние кои ќе ја потпишат согласноста, нивното дете ќе биде тестирано за коронавирус. Со ПЦР тестовите се бараат знаците на активната инфекција, а примерокот што се користи за тестирањето е брис, кој се зема подлабоко од грлото со стапче со памучен врв. На овој памучен врв нема ништо друго освен памук. Потоа, овој примерок под посебни услови се испраќа на испитување во лабораторија. Со тестовите не се врши вакцинација на луѓето

    Вакцините против ковид не го десеткуваат имунитетот и не предизвикуваат СИДА

    Вакцините против ковид не го десеткуваат имунитетот и не предизвикуваат СИДА

    Вакцините против ковид-19 не го намалуваат или десеткуваат имунитетот на вакцинираните, како што се тврди во објавата, ниту пак, предизвикуваат синдром на стекната имунодефициенција (ВАИДС) – таканаречена нова состојба којашто антиваксерите ја споредуваат со СИДА. Во реалноста, не постои такво нешто како ВАИДС, а истражувањата покажуваат дека достапните вакцини против ковид-19 им обезбедуваат на примателите зголемена заштита од коронавирусот

    Со кју-ар (QR) кодот за вакцинација не се креираат информации за ,,социјален кредитен систем”

    Со кју-ар (QR) кодот за вакцинација не се креираат информации за ,,социјален кредитен систем”

    Не е вистина дека со кју-ар (QR) кодот генериран при вакцинација, се складираат информации за тоа колку сметки има оној кој се вакцинира, колку должи, дали поседува оружје, колкав е кредитниот рејтинг итн. Кју ар кодот содржи само податоци за примената вакцина,  резултат од ПЦР тест и ништо повеќе

    Нема докази дека вакцината предизвикува спонтан абортус, смрт и дека го менува генетскиот код

    Нема докази дека вакцината предизвикува спонтан абортус, смрт и дека го менува генетскиот код

    Во светот постои вообичаена стапка на спонтани абортуси. Тие се случуваат без вакцинација или со вакцинација, односно независно од вакциналниот статус на жената. Во врска со тврдењето дека вакцината е генетска, од досега презентираните официјални факти, познато е дека вакцините против ковид-19 не се генетска терапија затоа што тие не се дизајнирани да ги променат вашите гени

    Не е точно дека за целосно вакцинирани во земјава се сметаат само граѓаните со примена трета доза вакцина

    Не е точно дека за целосно вакцинирани во земјава се сметаат само граѓаните со примена трета доза вакцина

    За целосно вакцинирани лица се сметаат граѓаните кои примиле две дози вакцини, а по втората доза поминале најмалку 14 дена, а не оние кои примиле трета (бустер) доза, за што впрочем говорат и извештаите на Институтот за јавно здравје и на Министерството за здравство

    Не е вистина дека македонските медиуми не ги споменуваат камионџиите од Канада

    Не е вистина дека македонските медиуми не ги споменуваат камионџиите од Канада

    Нашиот преглед на вести коишто биле објавени за „Конвојот на слободата“ покажа дека станува збор за стотици информации на различни медиуми, и пишани и електронски. Па, наспроти тврдењето изнесено во оваа објава на Фејсбук, не се забележува никаква селективност или избегнување да се известува за овој настан. Кај нас речиси нема медиум кој не известува за протестите во Отава и тоа со фотографии, текстови, видеоматеријали и извештаи во низа

    Вакцините не се ѓаволски течности произведени од абортирани бебиња

    Вакцините не се ѓаволски течности произведени од абортирани бебиња

    Независно на кои вакцини се мисли во постот, на оние против коронавирусот или против други болести, неточно е тврдењето дека се прават абортуси за да се добијат вакцини. За да се направат некои од вакцините против ковид-19, при тестирањето и истражувањата биле користени фетални клеточни линии. Овие фетални клеточни линии не се земени од неодамнешни абортуси, туку потекнуваат од легални доброволни абортуси коишто се случиле пред неколку децении. Користењето фетални клетки за тестирање на ефикасноста и безбедноста на лековите е вообичаена практика, бидејќи тие обезбедуваат конзистентен и документиран стандард

    Не е точно дека спајк протеинот во вакцината против ковид-19 е отровен

    Не е точно дека спајк протеинот во вакцината против ковид-19 е отровен

    Голем број медицински и научни извори се согласуваат дека спајк протеинот во вакцината не е ист како тој на коронавирусот и го има во многу мали количества, а телото го отстранува без последици откако ќе се создаде имун одговор

    Манипулација е тврдењето дека коронавирусот е креиран со сегменти од ХИВ

    Манипулација е тврдењето дека коронавирусот е креиран со сегменти од ХИВ

    Овие протеини не се единствени за коронавирусот и се вообичаен извор на вируси кај огромен број заболувања предизвикани од различни причини. По генетска анализа, користејќи подетална база на кодови за генетско секвенционирање, научниците откриле не само сличности помеѓу ковид-19 и ХИВ, туку и најмалку 100 идентични или многу слични кодови во гените од цицачите, инсекти, бактерии и во голем број вируси предизвикани од различни причини, пишува „Хелт деск“

    Дезинформација е дека од вакцините против ковид-19 луѓето имаат имунодефицитарен синдром

    Дезинформација е дека од вакцините против ковид-19 луѓето имаат имунодефицитарен синдром

    Ниту Светската здравствена организација ниту Европскиот центар за контрола и превенција на болести немаат документирано болест или состојба позната како „вакцинален имунодефицитарен синдром“ (антиваксерските кругови уште го нарекуваат и ВАИДС). Истражувањето од Центарот за контрола и превенција на болести на САД покажува дека вакцините против ковид-19 го засилуваат имуниот одговор

    Не е вистина дека не постои ковид, туку само ,,антиковид отровни лекарства”

    Не е вистина дека не постои ковид, туку само ,,антиковид отровни лекарства”

    Kовид-19 постои и е изолиран во лабораторија во официјална постапка. На 7 јануари 2020 година, Кина го изолира вирусот и го идентификуваше како коронавирус, а од 13 јануари ја сподели геномската секвенца со СЗО. СЗО има објавено и водич за детално користење на сите лекови кои се одобрени за третирање ковид-19, кој е редовно ажуриран. Сите лекови се подложни на клинички испитувања и не постојат никакви индиции дека се отровни

    Вирологот Лук Монтение не е ликвидиран, починал на 89 години во болница

    Вирологот Лук Монтение не е ликвидиран, починал на 89 години во болница

    Не постои сомнеж, а уште помалку официјална потврда дека Монтение бил ликвидиран. Засега не е објавена точната причина за смртта, но повеќе од сигурно е дека тој починал откако бил хоспитализиран поради влошена здравствена состојба. Смртта настапила во време кога тој бил опкружен со своите најблиски, со што е исклучена секаква можност за ликвидација