Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Театар Куманово се приклучува на хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид на која и е неопходна трансплантација на коскената срж.
Театарот одлучи приходот од влезниците за претставата „Мани мани” да го уплати на сметката за помош на семејството Настески од Охрид.
Ги повикуваме кумановци да присуствуваат во вторник на претставата. Апелот за помош во јавноста го испрати семејството Настески, а нивниот 13-годишен син Виктор е единствен сроден донатор на коскена срцевина за Сара. Театар Куманово сочувствува со семејството Настески и апелира секој кој има можност во зависност од условите да се вклучи во оваа донаторска акција со цел да се обезбедат потребните средства за лекување на младата Сара Настеска, - соопштуваат од Театар Куманово.
Претставата е според текстот на Реј Куни и е на редовниот репертоар на Театар Куманово е на 30 октомври во 20 часот.
Сара Настеска боледува од апластична анемија и за лекување во Германија потребни се над 200 000 евра.